bandr
Култура

(ФОТОГАЛЕРИЈА) „СТРУМИЦА ГО ОТВОРИ СВОЕТО НЕБО“

Шесте Sky Апартмани се приватни апартмани наменети за краток или подолг престој, за туристи и гости на градот Струмица. Дизајнирани и опремени со голема љубов и внимание, Sky апартманите зрачат со пријатен амбиент и позитивна енергија. За првпат отворени за своите гости на 22 јуни 2018 година, тие се целосно опремени со мебел, покуќнина и други внимателно одбрани детали, кои го прават искуството на гостите вистинско уживање.

Инспирацијата за нивно создавање е родена од големата љубов кон градот Струмица и верувањето дека тој има многу природни убавини, богати културни настани, прекрасни угостителски објекти и преубави туристички атракции кои може да ги понуди во програмата на своите посетители.

Она што му дава посебна убавина на ова место е Rooftop терасата која е отворена за сите гости на Sky апартманите. Од таму се ужива во прекрасен поглед кон градот, Цраевите Кули и планината Беласица, создавајќи само уште една причина зошто, тие што сеуште не ја посетиле убавицата на Македонија – Струмица, треба да го направат тоа токму ова лето.
За да дознаете повеќе за нивната понуда или да ѕирнете внатре во ентериерот на Sky апартманите потсетете ја нивната facebook страна: www.facebook.com/skyapartments.strumica/ или пронајдете го нивниот инстаграм профил на skyapartments_strumica.