bandr
Спорт

ЕКСКЛУЗИВНО: Беласица ги договара Блажевски, Љамчевски, Танушев, Гуцев!

Тимот на Беласица дефинитивно следната сезона ќе биде дел од прволигашкото друштво. Се случуваат позитивни нешта во Струмица на фудбалски план, овој град следната сезона ќе има два прволигаши. Беласица се враќа онаму каде што и е местото, во елитата, а за таму секако и е потребен и елитен тим. Па така, како што дознаваме, уште од сега управата на Беласица е сиклучително ангажирана да ги доведе најдобрите можни засилувања, и тимот да биде најконкурентен што може.

Прв пик на Беласица летово ќе биде ни помалку ни повеќе туку, Дејан Блажевски некогашниот најдобар стрелец во домашниот шампионат, а во моментов член на скопски Вардар. Неговиот договор со „црвено – црните” завршува летово, а струмичани поитаа да бидат едни од првите кои ќе се обидат да го добијат искусниот шпиц. Тој нема да се чувствува непознато во Струмица, сите знаеме дека беше алфа и омега во тимот на Хоризонт Турново своевремено.

Покрај него, Беласица отворено се интересира и за Благоја Љамчевски кој зимава се пресели на Чаир, и заигра за Шкупи, а можно е летово повторно да ја смени средината. Конечно, струмичани планираат во своите редови да ги вратат и „своите деца” како Ѓорѓи Танушев и Благој Гуцев.