УЧЕНИЦИТЕ ОД III-4 И НАСТАВНИЧКАТА НЕВЕНКА ДОНЧЕВСКА ОД ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“, СО ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР ЈА ПРЕЧЕКАА ПРОЛЕТТА!

март 22, 2023

Учениците од III-4 од ООУ „Никола Вапцаров“, првиот ден од пролетта го пречекаа со садење дрвца во училишниот двор и испратија порака да ја чуваме околината зелена и чиста.

Наставничката Невенка Дончевска за Струмица Денес изјави дека ваквите активности треба да послужат за пример и на идните генерации кои доаѓаат.

„Радува фактот што најмалите покажуваат голем интерес и желба да ја чуваат средината чиста и убава. Учениците изработија свое еколошко катче кое верувам дека секојдневно ќе го негуваат. Нека послужи за пример и на идните генерации кои доаѓаат“, вели Дончевска.

Поддршка на еколошката акција даде и директорот на училиштето Борис Иванов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ