bandr
Хроника

ДЕТАЛИ: Пожарникарите едвај го извадиле од возилото – страотна сообраќајка во Струмица-Младо момче се бори за живот!

Тешка сообраќајкна несреќа се случила вчера на патот Струмица – Владевци, тешко повредено 23-годишно момче. Како што стои во билтенот на МВР,  вчера во  04,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од А.Д.(23) од Струмица, удрило во паркирана приколка, сопственост на Ј.М.(41) од Струмица. Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица. Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица. Во времето од 05,20 до 11,00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.