bandr
Спорт

БАЛДОВАЛИЕВ СО ХЕТ-ТРИК: БЕЛАСИЦА СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ТРЕТИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР!

Победа од 4:1 и хет-трик на Зоран Балдовалиев на третиот контролен натпревар во подготвителниот период за фудбалерите на ФК БЕЛАСИЦА, против ФК Крупа од Босна и Херцеговина. Исто така гол постигна и Кристијан Апостолоски.

Овој натпревар се играше вчера во Златибор, каде  фудбалерите на БЕЛАСИЦА го одработуваат главниот дел од подготвителниот период.

Наредниот контролен натпревар ќе го играат на 11.07.2018 (среда) против ФК Мачва Шабац, екипа која се натпреварува со српската Супер Лига.