bandr
Култура

Асфалтирани три улици во населеното место Муртино

 

Општина Струмица продолжува со реализацијата на активностите предвидени во програмата ЈД – изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година. По асфалтирањето на улица во должина од околу 300 метри во населеното место Свидовица, денеска, заврши асфалтирањето на три улици во населеното место Муртино во вкупна должина од околу 250 метри. Според најавите, во наредниот период со зголемен интензитет продолжуваат планираните активности во градот и населените места согласно програмите на општина Струмица за оваа година.