bandr
ВМРО-ДПМНЕ

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ СО БЛАГОДАРНОСТ ДО СТРУМИЧАНИ ШТО ПРИСУСТВУВАА ВО ГОЛЕМ БРОЈ НА АНТИВЛАДИНИОТ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ!

Денеска во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА, претседателот Александар Донев одржа прес конференција на која се заблагодари на струмичани што присуствуваа во голем број на антивладиниот протест во Скопје. Во продолжение проследете ја целосната прес конференција.

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите.

Со ова обраќање сакам во името на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица да изразам задоволство од учеството на голем број струмичани на антивладиниот Протест во Скопје.

Претставува чест за нас како ВМРО-ДПМНЕ што секогаш сме на страната на народот и што како партија секогаш ги препознаваме вистинските интереси на нашата татковина Македонија.

Истовремено сакам да им се заблагодарам на ситесопартијци што без оглед на притисоците успеавме да бидеме на ниво на новата задача што ни ја дадеМакедонскиот народ.

Почитувани сограѓани и членови сакам да ве инфорирам дека Општинскиот комитет будно ги следи состојбите во сите сфери на општествениот живот и политичките случувања и ќе преземе интензивни активности во претстојниот летен период.

Ве поканувам во деновите што идат да се приклучите кон нашите структури во задачите што претстојат како:создавање на програма и голем броj активности со цел да се одговори на предизвикот да го сопреме пропаѓањето и да предложиме решенија за унапредување на Oпштина Струмица и Република Македонија.