bandr
Спорт

Академија Пандев среде Кратово ќе го лови Силекс за прва пролетна победа!

По фантастичниоит есенски дел, ретко кој очекуваше дека новајлијата во ПМФЛАкадемија Пандев, сè уште е без победа во пролетниот дел од сезоната на најквалитетното фудбалско натпреварување во нашата држава.

„Пандевци“ цели 12 натпревари не знаат за триумф на домашна сцена, последен пат тоа им успеа на 16 ноември ланската година (3-4 против Пелистер), а нова шанса за радост на своите фанови ќе имаат утре, кога ќе се сретнат со незгодниот Силекс. Овој дуел за тимот од Струмица доаѓа и по тешката и болна елиминација од Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија, па затоа момците на Тренчовски за Кратово ќе заминат со императив за успех и враќање на победничките патеки во ПМФЛ.

Од другата страна Силекс на Жикица Тасевски игра променливо во последниот период и запиша само две победи оваа пролет. Но, секој знае дека бодови во Кратово тешко се добиваат, а со евентуален триумф Силекс ќе се зацврсти на третата позиција која идната сезона води во квалификациите на Лига Европа.

Досега овие две екипи се имаат сретнато само четири пати и тоа во ланската година. Кративчани се далеку поуспешни и имаат три победи (две во првенството и една во Купот), додека Академија Пандев успеа да слави само еднаш и тоа убедливо со 5-0. Мечот во Кратово е закажан за утре од 15.00 часот, а главен судија ќе биде Александар Ставрев.

  • Академија Пандев – Силекс 0-1
  • Академија Пандев – Силекс 5-0
  • Силекс – Академија Пандев  1-0
  • Силекс – Академија Пандев  1-0.