bandr
Спорт

Академија Пандев донесе нов голман од Србија пред стартот на Првата лига

Струмичка Академија Пандев донесе нов голман од соседна Србија, на само четири дена до стартот на новата сезона во Првата лига, откако попладнево „пандевци“ го промовираа Душан Чубарковиќ за нов чувар на мрежата.

„Пандевци“ во минатата сезона која беше дебитантска за нив, го имаа српскиот голман Никола Вујанац на голот, кој дојде од бившиот шампион Силекс, а летово замина во соседот Беласица. Чубарковиќ сега е нов голман, кој во кариерата играл за Чукарички и Слобода Ужице, а тој со Академија Пандев потпиша едногодишен договор со опција да се продолжи соработката за уште една година.

Во Струмица нов член е и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Костов, како засилување за стоперската позиција. Костов, кој има 21 година, играше за штипска Брегалница и тетовска Ренова во досегашната кариера, па ќе биде добро засилување за младиот тим на „пандевци“.