bandr
Култура Магазин

,,Tеорија на заговор” е новиот роман на талентираната авторка Марија Спасова

Марија Спасова го заврши пишувањето на својот втор роман.  Во текот на изминатиов период низ струмичани се беше раширила веста за новото литературно остварување, а сега 18 годишната авторка и официјално ја потврди веста за Струмица Денес, откривајќи ни го и насловот на романот – „Теорија на заговор“.

Колку за потсетување, Спасова го издаде својот прв љубовен и авантуристички роман – „Магијата на Атафу“ во март, минатата година.  Промоцијата на романот предизвика вистински медиумски „бум“ во регионот, а тиражот беше распродаден за неполна седмица.

Засега е познато дека општина Струмица влегува во улога на покровител,  а од редот на компаниите, во улога на спонзори се спомнуваат портал Струмица Денес, ТианДе (Коста) Струмица, Интер Експорт Струмица, ресторан Шалом, слаткарница Канела, салон за мебел Ивана Бирги- Аж, Здравец Маркети, козметичко студио Леи-Марија, студио за убавина Јасмина, Ќоше, мебел 11 Септември, Имејџ ПР,  Оптика ЛМ, едукативен центар Академика, месарница Ѓозо, Електроинстал и слаткарница Карамела.

Како вечен поддржувачи на младите кои се активни двигатели на општеството, тимот на Струмица Денес во текот на наредната седмица ќе објави кратко интервју со младата авторка.

Во меѓувреме, прочитајте повеќе за Марија Спасова на следниве линкови:

  1. https://strumicadenes.mk/neverojatni-uspesi-na-mladata-strumicanka-marija-spasova/
    strumicadenes.mk
    Марија Спасова е името на една од најуспешните млади луѓе во Општината па и пошироко.
  2. https://strumicadenes.mk/2ambasadorot-bejli-u-dodeli-nagrada-na-strumichankata-marija-spasova/
    strumicadenes.mk
    Струмичанката Марија Спасова продолжува да нè убедува дека за нејзиниот талент и надареност не постојат граници.
  3. https://strumicadenes.mk/njmarija-spasova-4nagradi-za-tri-dena/
    strumicadenes.mk
    Култура Руши рекорди: Струмичанката Марија Спасова со освоени 4 награди за рок од 3 дена
  4. https://strumicadenes.mk/fenomenalna-promocija-na-romanot-magijata-na-atafu-od-spasova-marija/
  5. https://strumicadenes.mk/fotogalerija-talentiranata-strumicanka-spasova-marija-so-uspeh-ja-zapocna-godinata-so-uspeh-i-ja-zavrsuva/
  6. https://strumicadenes.mk/foto-eve-sto-ima-da-vi-poraca-edna-17-godisna-strumicanka/
  7. https://strumicadenes.mk/dodeleni-deset-nagradi-denes-vo-arm-prvata-nagrada-vo-racete-na-marija-spasova/
  8. https://www.youtube.com/watch?v=-wuI5RAaZW4
  9. https://www.facebook.com/spasova7/videos/1522400784445094/
  10. https://www.youtube.com/watch?v=W9-JHhwTuzk&feature=youtu.be
  11. https://www.facebook.com/193618911146/videos/10154977860901147/

 

Ознаки