bandr
Култура

СООПШТЕНИЕ ОД EUROMAX RESOURCES

 

Струмица, 08.06.2018 – Еуромакс (Euromax Resources) сака да го разјасни и да ја информира јавноста за пристапот кон отпадот од рудникот, т.е. камењата што остануваат по обработката, кои се нарекуваат јаловина. За да бидеме сигурни дека имаме безбеден, одговорен и модерен рударски пристап кон нашиот проект, дизајнот на јаловиштето за проектот беше во согласоност со Референтниот документ на Европската Унија, од јануари 2009 година, што ги дефинира најдобрите достапни техники за управување со јаловина и отпадна карпа во рударските активности.

Главната карактеристика на јаловиштето е насипот, што претставува структура која се користи за задржување и складирање на отпадна карпа или остатоците од рудникот. Првичниот дизајн на насипот го спроведе Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) и беше унапреден во соработка со Голдер (Golder Associates) – глобална експертска група за дизајн на јаловишта. Конечниот детален дизајн треба да биде одобрен од страна на Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС).

Насипот е конструиран целосно од стерилна карпа од рудникот и ќе остане стабилна дури и при најтешки можни предвидени сеизмички услови. Ова е еднакво на земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтер во непосредна близина или земјотрес со јачина од 9,2 степени во радиус од 100 километри од локацијата. Ова претставува настан од десет илјади години и е неколку пати поголем од големината на скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година. Дури и во овие екстремни сеизмички услови насипот е дизајниран да не попушти.

Падините на насипот ќе бидат плитки, со градиент од 1:2,5, за да се осигури дека ќе останат стабилни и да изгледаат слично на падините на долината каде што се наоѓа. Откако ќе завршат рударските активности, падините на насипот ќе бидат повторно насадени со растенија и ќе изгледаат исто како и падините на околните ридови. Насипот ќе се зголемува во фази во текот на употребата на рудникот, но секогаш ќе се одржува полнењето со камен со плитка падина и секогаш ќе биде поставен низводно така што насипот секогаш се крева врз камена подлога.

Овој пристап кон изградба на насипи е меѓународно прифатен како најстабилен за сеизмички услови и е најскапиот дизајн. Овој дизајн се користи во следниве рудници:

* Lisheen во Ирска, изграден со низводен метод.

* Malmberget во Шведска, изграден со низводен метод.

* Bergama Ovacik во Турција, изграден со низводен метод.

Еуромакс не е запознаен со било какви несреќи на глобално ниво од овој тип на насипи.

Јаловината, складирана зад насипот, е во вид на талог (сличен на песок) и не е токсичен и на ниту еден начин нема да му наштети на здравјето на граѓаните. Еуромакс нема да користи цијанид или сулфурна киселина во преработката и поголемиот дел од природните бакар, железо и други тешки метали се екстрахираат како дел од обработката. Ќе се користи соодветна геотекстилна навлака, а Еуромакс внимателно го мереше нивото и количината на површинската и подземна вода во текот на изминатите пет години за да се осигура дека нема загадување.

Освен земјотрес, Еуромакс внимателно го разгледа влијанието на врнежите врз јаловиштето за да се осигура дека нема ризик од поплави. Значителна количина вода може да се складира во рамките на постројката за јаловина врз остатоците и тоа ќе се рециклира преку фабриката за преработка. Јаловиштето ќе управува со вода колку илјадагодишна бура и во вкупен износ од над еден милион кубни метри. Доколку има поголема бура од ова, тогаш оваа вода ќе биде складирана во браната за атмосферски води низводно од јаловиштето, заедно со која било друга вода што би потекла од локацијата со капацитет за складирање од дополнителни 230.000 кубни метри вода.

Еуромакс инвестира милиони евра за да ја пренасочи водата на реката „Штука“ околу јаловиштето, за да обезбеди реката да продолжи да тече како и денес, без да дојде во допир со некој дел од рудникот и со тоа на никаков начин да не биде под влијание на работата на рудникот.

Овој пристап во дизајнот на јаловиштето и исцрпното истражување во локалната средина е начинот на кој можеме да бидеме целосно сигурни дека безбедноста и здравјето на сите граѓани нема да бидат загрозени на кој било начин, како ни другите стопански гранки како што е земјоделството.