bandr
Струмица

17 години во спомен на бранителот Атанас Јанев

На денешен ден во 2001 година во операцијата за ослободување на селото Арачиново загина струмичанецот Атанас Јанев. Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2011 година кој се наоѓа на булеварот ,,Маршал Тито” во Струмица беше одбележана 17 – годишнината од загинувањето на Јанев.

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранител. Цвеќе положија и членови на семејството Јаневи, претставници на СВР Струмица, Општинскиот одбор на Сојузот на борците, јавни институции организации, политичките партии а за ликот и делото на Јанев зборуваше Танчо Пројковски, началник на Секторот за внатрешни работи во Струмица.

– Годините минуваат, но секоја наредна не враќа на преживеаното и остава печат на споменот за вас. Споменот на овој млад одземен живот не смееме да го заборавиме, нити ние, ниту генерациите по нас и со гордост да се сеќаваме на Атанас Јанев, кој го даде животот за одбрана на нашата татковина, рече началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски во своето обраќањето пред присутните.