„Златна петорка“ ќе го затвори филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Филмот „Златна петорка“ ќе го затвори годинешното 37-мо издание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој ќе се одржува од 10-17 септември 2016 година. Филмот е во продукција на „Револушн“ – Скопје, финансиран од Агенцијата за филм на РМ, а копродуценти се Македонската телевизија и Арт-попкорн од Белград. Партнер при снимањето беше Општина Струмица, а помагатели беа и Општините Босилово и Василево.

Untitled

Сценариото за овој македонски филм е работено по мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат Елеонора Венинова и косценаристите Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажер е Андрија Зафановиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.

Играниот филм „Златна петорка“ е фикција за една насилно прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Сè додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група од пет невини студенти од Струмица.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац (Ламариниќ), Јана Стојановска / Љупка Џундева (Ката), Игор Ангелов / Петар Арсовски (Џиџи), Васил Михаил / Ненад Милосављевиќ (Алавантие), Билјана Таневски (Загариева), Дине Дрваров (Кољо), Стојан Велков (Монах); петте студенти ги играат Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров и Виктор Јакимовски.

маркетинг


Select