Здружението „Мана Струмица“ започна со реализација на проектот „Астраион“

Здружение Мана Струмица започна со реализација на проектот „Астраион“ во партнерство со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица. Општа цел: Одржлив развој во областа на зачувувањето и промоцијата на културното духовно/историско наследство и културниот туризам преку партнерство на сите нивоа и ангажирање на професионални кадри за искористување на културните потенцијали на Општина Струмица. Специфични цели: Создавање и промоција на продукти со содржини од културно историското минато на Струмица, а поврзани со археолошки локалитети; Збогатување со иновативни содржини на понудата во областа на културниот туризам во Општина Струмица. За прв пат во Струмица и пошироко ќе се создаде одржлив културен продукт кој го зачувува духовното/историско културно наследство и го оживува истото. Станува збор за театарска инсценизација која ќе биде изведувана во амбиентот на еден од локалните археолошки наоѓалишта. Дали тоа ќе бидат царевите кули, римските терми во банско, манастирите Водоча или Вељуса, Св.Петнаесет Тивериополски маченици или некој друг локалитет останува допрва да дознаеме. Ќе биде напишано драмско либрето базирано на едно од познатите историски случувања сврзано со постоечките археолошки места. Со помош на режисер и актери историјата и нашата култура од минатото ќе заживее одново, со цел да не информира и натера да се замислиме за нашите предци. Секако и да доживееме естетско задоволство. Овој продукт ќе ја збогати мапата на културниот туризам и понудата за истиот кај нас, затоа што ќе може и да се повторува според потребите на посетителите.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,