Започна пријавувањето за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2017-2018

Започна пријавувањето за Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, што по повод Новогодишно-Божиќните празници ќе се одржи во Василево.

Пријавувањето ќе трае до 16.12.2017 година до 16,00 часот. Ждребувањето ќе се одржи истиот ден во 17,00 часот во просториите на спортската сала во Василево.

Котизацијата за учество е 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од шест до максимум десет играчи од кои најмногу двајца професионалци.

Турнирот ќе започне на 17.12. 2017 година.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево со почеток од 18,00 часот.

Вкупниот награден фонд е 200 000 денари.

Заинтересираните екипи своето учество може да го пријават на телефонскиот број 077 531 592.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,