КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СТРУМИЧАНЕЦ ПОРАДИ ЗАПЛЕНЕТА СТОКА СО ПОТЕКЛО ОД ТУРЦИЈА!

Kривична пријава е поднесена против правно лице од Струмица и одговорното лице З. К. од Струмица. На ден 06.10.2017 година во царинската испостава Скопје 1, за потребите на пријавеното правно лице, со една увозна царинска декларација била пријавена стока со потекло од Република Турција. При извршениот преглед на декларираната стоката за увозно царинење, од страна на царинските службеници биле  пронајдени 195 парчиња детски комплети, 80 парчиња фармерки, 118 парчиња паричници, 18 парчиња јакни, 135 пара детски тренерки, 40 парчиња блузи и 5 парчиња дуксери со ознаки на заштитени трговски марки.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,