ВМРО ДПМНЕ СТРУМИЦА: СДСМ СЕКОЈДНЕВНО ГО РАЗОЧАРУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Преку соопштение општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струмица обвини дека СДСМ со своите коалициони партнери во владата секојдневно го разочарува македонскиот народ. Разрешувањето за неколку дена на педесет директори на здравствените установи е пример за партискиот режим на СДСМ !

Зоран Заев ветуваше промени во здравството со поставување на стручен кадар и повисоки плати на докторите, но за жал, нема ништо од тоа, напротив се менуваат докажани кадри и се поставуваат нови поради приватна блискост со некој функционер од СДС. Пример за тоа е “новопечената” директорка на Здравен Дом Струмица која по професија е психолог и никогаш нема дежурано, ниту пак во работата имала ургентен случај, поради недоволното познавање на проблематиката пациентите на кои им треба итна помош би можеле да бидат доведени во опасност. За чудо, ниту партиски во СДСМ не ја познаваат и не и веруваат доволно.

И по назначувањето за директор на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица внатрепартиски кавги во СДСМ се префрлија на приватните ФБ профили, каде може да се прочита дека директор требало да биде Др – Јане Араников кого го “извисиле во последен момент”- Стои во партиското соопштение.

маркетинг


Select
Ознаки: ,