ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА СМЕНА НА ПЕЦЕ НАУМОВСКИ

Трката за позицијата прв човек на македонската кошарка влезе во нова етапа, откако Владо Илиевски и официјално реши да се кандидира за претседател. Даниел Димовски се откажува од трката?

 Поранешниот репрезентативец и предводник на генерацијата која направи историски успех на Европското 2011 поднесе иницијатива за одржување на вонредно собрание на МКФ со единствена точка на дневен ред – изгласување недоверба на актуелниот претседател на МКФ Петар Наумовски.Зад Илиевски стојат мнозинството клубови кои веќе извесно време сакаат да го сменат Пеце Наумовски и актуелното раководство на федерацијата, но меѓу нив не се и прволигашите Струмица, Куманово, Шкупи и Фени коишто не сакаа да се потпишат на иницијативата за одржување вонредно собрание.

Според Статутот, МКФ на чело со Наумовски мора да свика Вонредно собрание во рок од две седмици и на тоа собрание би се гласало за доверба или недоверба на гарнитурата која управува со македонската кошарка.

Илиевски во меѓувреме ги комплетирал потребните потписи и ја потврди својата кандидатура во трката за претседател на МКФ. Како стојат работите Владо ќе му биде единствен против-кандидат на Пеце, со оглед на тоа што поранешниот лидер на МКФ Даниел Димовски решил да не се кандидира.

маркетинг


Select
Ознаки: