(ВИДЕО) Сител тема: Неверојатна сторија или лажна вест- како младиот Дарко од Струмица стаса во светските медиуми?

Неверојатна приказна која го обиколи светот, но заврши на ѓубриштето преполно со лажни вести и тоа не од било каде туку од земјата на лажните вести – Македонија.

Тенисерот Дарко Грнчаров кој три дена пред клучниот меч во анталија доживеал мозочен удар поради напорните тренинзи и паднал во кома, веројатно сте ја прочитале, ако не во некој од светските тогаш сигурно во домашните меидуми.

Дарко Грнчаров е момче по потекло од Струмица на кое тенисот му најголемата љубов. Преку неговата животрна приказна успеал да стигне до внмиманието на медиумите, но по слабо му одело на тениските терени.

Неговото семејство не успеавме да го анјдеме во Струмица, а струмичани не знаат многу за познатиот тенисер.

Приказната за Грнчаров изминатиот месец ја истражувал и Бен Ротенберг, новинар  од САД чија што специјалност е тенисот. Бен работри за повеќе медиуми, а соработува и со престижниот Њујорк Тајмс.

Ротенберг не е единственмиот кој се заинтересирал за Грнчаров, младиот струмичанец преку своите атрактивнио ставови стигнал и до ББЦ.

Дарко постои, ни потврдија негфовите роднини кои се дел од позната спортска фамилија. Но, Дарко веќе не одговара на барањата за контакт со медиумите. Исчезна од социјалнит5е мрежи откако му одговори на Ротенберг тврдејки дека оние кои го познаваат знаат низ какопв пекол поминал.

Дарко Грнчаров не е регистриран во македонската тениска федерација, но се регистрирал на ИТФ листата каде единствена негова активност е турнирот во Египет од април минатата година, за кој добил вајлдкарт но не се појавил на теренот.

– Како 20 годишно момче од земјата на лажни вести ги измами Мартина Навратилова, Серена Вилиамс и ББЦ, сериозно го става во прашање кредибилитетот на медиумите од Македонија. Оваа приказна е добра лекција за сите

Пред медиумите стои сериозен предизвик да се врати углкедот на медиумите.

Дарко Грнчаровсо сигурност ќе остане запаметен по неговата неверојатна желба да го добие медиумското вцнимание, и да стигне до терените на кои играле светските тениски ѕвезди. Медиумите во Македонија пак ќе треба да покажат дека не секоја вест напишана на компјутер во Македонија е лажна вест.

маркетинг


Select
Ознаки: ,