(ВИДЕО) САШКО МИЛКОВСКИ: ЗА СДСМ СЛОБОДА Е ДА ГО НАВРЕДУВАШ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Почитувани сограѓани,
Новите властодршци толку често го употребуват зборот Слобода во погрешен контекст што човек стекнува впечаток дека имат намера да се ослободат и од него и неговата суштина.
Македонија познава многу лажни ослободители, но Струмица сигурно се ослободува: лојалните струмички кадри ги унапредија од локални во национални.
Драги сограѓани, од каде да почнеме за да го дефинираме поимот слобода во социјалдемократската логика?
– Дали да ги прашаме за мигрантите кои упорно ги негираат како нивна нова реалност за да му се допаднат на Западот;
– Дали да ги прашаме за доделувањето на тендери на самите себе;
– За укинувањето на мерки кои се од витално значење за секој човек во оваа земја.
– Се жалеа на слободата на медиумите и судството! Погледнете го притисокот што сега се врши врз медиумите! Тоа ли е слободното новинарство во кое се колнеа?
– Најпрвин се зафатија на слобода да пуштат затвореници! Граѓаните мора да знаат дали се ослободени да им бидат во служба за локалните избори?
-Зависниот граѓански сектор започна со вдомување во владините служби. Назначување на дупли министри, еден официјален и еден неофицијален во вид на советници. Изгледа, оваа влада има советници за сѐ освен за главното: за водење на политика!
 
Мирољубивиот народ во Македонија се набедува како најголем иредентист на Балканот! Благодарение на владата на СДСМ! Има ли поголема навреда за нас, за целиот македонски народ? Утре ќе им побараат да го сменат името и идентитетот! Зарем некој се сомнева дека ќе пружат отпор?! Нема! Оваа влада не пружа отпор, оваа влада само исполнува желби! Исполнува желби на сите, само нема слух за потребите и желбите на сопствениот народ!
Конечно, јасно е дека поимот слобода за социјалдемократите значи нивно неприкосновено владеење. Слободата има висока цена. Но, нема цена која народот не може да ја плати.
Се развива опасна спирала на популизам, а главните проблеми – застојот во зачленувањето во НАТО и ЕУ, невработеноста и иселувањето на младите повеќе не се на агендата!
Оваа влада, свесна дека брзо ѝ истекува времето и дека нејзините ментори се нестрпливи да го испорача тоа што го вети, е подготвена на се. И тука нема пардон за никого!
Затоа, драги мои струмичани, отворете добро очи за кого ќе гласате на 15-ти октомври. Доволно видовме од јуни наваму. Не нѝ требаат натамошни докази дека оваа влада нема да донесе ништо добро за Македонија.
Веруваме дека на 15-ти октомври ќе го ЗАОКРУЖИТЕ БРОЈ 13 и ќе гласате за ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА за подобра Македонија.
Само така сите заедно ќе го направиме вистинскиот избор на слободата!
Ви благодарам!
https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/1718602061504154/

маркетинг


Select
Ознаки: , ,