ВЕСТ НА ДЕНОТ: СТРУМИЧАНКАТА СУЗАНА БОЖИЈАНОВА И КУЧЕТО-ИНВАЛИД МАРТА!

Несовесен возач е причината што денес кучето Марта тешко се движи и не може нормално да живее. Пред околу две години  кучето било удрено од возило на улицата „Маршал Тито“ било оставено да лежи во близина на училиште каде го виделе мајка и мало дете и веднаш пријавиле во најблиската ветеринарна амбуланта. Денес, Марта има убав живот и е среќно вдомена кај струмичанката Сузана Божијанова. Ексклузивно за порталот Струмица Денес Сузана ја раскажува приказната за Марта.

,,Марта е дел од мојот живот, кој го збогати со бројни мали, ама важни моменти исполнети со дружење и меѓусебна, безусловна љубов,, – ја почна својата приказна Сузана Божијанова, која се грижи и го негува ова куче-инвалид, кое се движи со помош на количка. Инаку, Марта останала неподвижна по удирањето со возило од страна на несовесен возач.

По несреќата имала потешкотии со движењето, па ја прифатиле и за неа се погрижиле активистите од Друштвото за заштита на животни „Фауна“ од Струмица. По извесно време ова куче било преземено од Сузана, која потресена од несекојдневната и тажна приказна одлучила да се грижи за Марта. – ,,Не се жалам, ниту пак се фалам, ама сакам да се знае дека самата се грижам за ова куче и тоа веќе, повеќе од две години, а околу неа многу ми помагаат и мојата сестра со нејзиниот сопруг“ – објаснува Сузана и додава дека Марта, иако тешко се движи, сепак со нивна помош и со бројни масажи успеала да застане на задните нозе.

Струмичани и пошироката јавност ја познаваат Марта како кучето со количка, а тоа помагало е донација од една наша сограѓанка, Маја Мргја Бицки која живее во Англија. – ,,Бескрајно сум благодарна за количката, бидејќи со неа Марта стана среќна и можеше да се движи и шета како и сите други кучиња“ – вели Сузана. По две ипол годишно користење дошло до амортизација на количката, која веднаш била заменета со нова, донирана од страна на љубители на животни кои ја следеле целата ситуација со Марта.

Сузана е најдобар доказ дека како што кучето е најдобриот човеков пријател, така и човекот е најдобар пријател на кучето. –,,Марта е среќно куче бидејќи е со мене и ја гледам како домашно милениче, но исто така е и тажно, како и јас, поради нејзиниот хендикеп“ – сочувствува со неа, Сузана. Марта има и своја фан фејсбук страница, наречена ,,Help Martа walk again“ на која можат да се видат бројни нејзини фотографии. која можат да се видат бројни нејзини фотографии.

Редакцијата на Струмица Денес уште од самиот почеток е со Марта (ВИДИ ЛИНК.

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,