КОМАНДИР ДОБИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СТРУМИЦА!

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против З.Б (52) од валандовското село Раброво, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик на Македонија. З.Б. како командир на полициската станица од општа надлежност ...

СВР СТРУМИЦА СО УШТЕ ЕДНА КРИВИЧНА ЗА МАЖ КОЈ ИЗВРШИЛ ПОЛОВ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК!

  Триесет дена притвор му е изречен на мажот од селото Пирава кој се сомничи дека извршил полов напад врз малолетник, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес-конференција. Како што информира, половиот напад врз малолетник од страна на лицето Ц.А.(55) од село Пирава бил пријавен на 5-ти овој месец во полициската станица на Валандово. По тоа, ...

Во СВР Струмица 20 пријави за злоупотреба на социјалните мрежи во 2017 година

Расте бројот на пријавите за злоупотреба на социјалните мрежи во југоисточниот дел на државата во надлежност на СВР Струмица. Според полициската статистика, лани било постапувано по 20 пријави наспроти пет во 2016 година. Пораки со навредлива и заканувачка содржина, злоупотреба на лични податоци и прикажување порнографски материјал се најчестите случаи по кои постапувала полицијата. Бројот ...

Кривични за струмичани за непријавување на данок преку брз трансфер на пари

СВР Струмица поднесе кривична пријава против две триесет годишни лица од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Имено првото лице родено 1987 година во текот на 2016 година остварил приход во висина од 1.490.391 денари, кои што го примил преку брз трансфер на пари, при што не платил  данок кон државата. На тој начин го оштетил буџетот на ...

СВР СТРУМИЦА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ!

Секторот за внтарешни работи-Струмица, во пресрет на Новогодишните и божиќните празници имајќи во предвид дека пред, и за време на истите од страна на граѓани, малолетници и деца, неовластено се употребуваат пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со што се  нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните,  ги известува граѓаните дека неовластената ...

СВР Струмица во пресрет на празниците ќе врши засилена сообраќајна контрола

Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај -Струмица, ги известува граѓаните дека во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници континуирано ќе врши засилени контрола на улиците во централното градско подрачје, поради очекуваната зголемена фреквенција на учесниците во сообраќјот. ,,За таа цел апелираме до сите учесници во сообраќајот ...

СВР СТРУМИЦА УАПСИ ДВАЈЦА ЗА УБИСТВО!

Секторот за внатрешни работи од Струмица поднесе кривична пријава против К.И.(31) и Р.К.(43), двајцата од Гевгелија поради основано сомнение дека првообвинетиот сторил убиство, а второпријавениот за помагање на сторител по извршено кривично дело.  – Според документираните сознанија од истрагата, констатирано е дека К.И. завчера вечер (20.11.) некаде меѓу 21 и 22 часот дошол во семејната ...

СВР СТРУМИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДВАЈЦА РАДОВИШАНИ!

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против: Г.К. (47)  и A.K (28)  и двајцата од Радовиш, поради постоење на основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „Несовесно работење во службата“ а второпријавениот „Злоупотреба на службената ...

СВР СТРУМИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА НАСИЛНИЦИ КОИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ!

Полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против Ј.К. (46) и Б.К. (22), двајцата од Нов Дојран, поради постоење основи на сомнение за напад на службено лице. На 15 октомври во колонијална продавница во Нов Дојран, по вербална расправија помеѓу првопријавениот, којшто бил во алкохолизирана состојба и С.С., вработен во продавницата, настанала тепачка, во којашто Ј.К. се здобил со повреди ...

СВР СТРУМИЦА СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДРВОКРАДЕН КОЈ СО СТОЛ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против О.М.(29) од беровското село Двориште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. На 2 октомври, според полицијата, после извршена контрола на товарно возило натоварено со огревни дрва, при што било констатирано дека пријавениот има неисправна ...