Староста не се брои во години туку во пријатели

Велат староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле во текот на целиот Ваш живот. Ние велиме никогаш не сметајте ја според бројот на годините туку според бројот на пријатели кои ги имате. Староста не се брои во години туку во пријатели, People of Strumica, февруари 2014 Струмица Денес

People of Strumica – Љубов која не познава години

Струмица е полна со живот, а оваа рубрика има за цел преку професионални фотографии од луѓе и моменти на различни локации да ви ја пренесе атмосферата од градот. Денеска започнуваме со фотографии за една љубов која не познава години и граници. Како што една анегдота кажува која внуката ја прашала баба си како нејзиниот брак трае толку долго и љубовта меѓу нив живее бабата и одговорила – ...

People of Strumica: Џамбо Агушев

Струмица отсекогаш била град во кој создаваат талентирани и успешни луѓе. Музичарот Џамбо Агушев сигурно е еден од најуспешните музичари кои се родиле во Струмица. Како потврда за големиот талент се многубројните награди што ги има освоено овој витуоз.  Неодамна се сретнавме со Џамбо на кафе (чај) муабет со цел да го запознаеме неформално одблиску во релаксиран пријателски разговор.  ...

People of Strumica – Трајче Ѓоргиев

Трајче Ѓоргиев е полуматурант во Основното Училиште „Никола Вапцаров“ Струмица . Младо, искрено, скромно и културно момче кое веќе ги заживува своите тинејџерски години и сите предизвици, фантазии и соништа на ова време. Меѓутоа сигурно веќе, сите Вие драги читатели, сте слушнале за херојот на оваа приказна затоа што Трајче има една особина која го прави посебен а тоа е неговиот прекрасен ...

People of Strumica – Ристо Вртев

Ристо Вртев е еден од најзначајните македонски музичари во 80-те и 90-те години на 20 век. Бил член на Мизар (прво откровение), Инола X и Архaнгел. Како гостин се појавува на албуми на Вања Лазарова и Кисмет, како и на компилацијата посветена на Мизар. Еден од главните личности во уметничкото движење Македонска Стрељба.  Не им проштевај, Господи, оти тие знаат што прават! Животот е куклен ...

People of Strumica – Гоце Арнаудов

Да беше меѓу нас, големата фолк ѕвезда Гоце Арнаудов денес ќе го прославеше 60-от роденден. Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа ...

People of Strumica – Од Либан до Струмица

– Презадоволен сум од гостопримството на луѓето од градот и од управата на клубот. Желен сум да ги покажам моите квалитети на струмичката публика!  Ходор Нахас од Либaнецот е најновото засилување на ракометниот клуб Зомимак-М / Светско кадетско првенство, Македонија- Германија, Спортска сала „Парк“  Фото: Столе Ангелов

People of Strumica: Браќата Ѓорѓиеви, струмички одбојкари за гордост!

Никола и Ѓорѓи се дел групата која пишува историја на македонската одбојка. Браќата, гордост на Струмица, едни од најзаслужните за пласман меѓу четирите најдобри земји во Европа! Струмица и Македонија е со Вас! Фото: Фејсбук

People of Strumica – Среќен роденден голем таленту!

Најпознатиот академскиот сликар и вајар од Струмица, Митко Тошев, секогаш знае да не изненади со уникатни уметнички дела. За најразлични пригоди, манифестации, за одбележување значајни датуми, за истакнати личности, портрети во природна големина… Струмица е град на големи таленти! Среќен роденден Митко и уште поголеми успеси во творештвото!