ВЕСТ НА ДЕНОТ: СТРУМИЧАНКАТА СУЗАНА БОЖИЈАНОВА И КУЧЕТО-ИНВАЛИД МАРТА!

Несовесен возач е причината што денес кучето Марта тешко се движи и не може нормално да живее. Пред околу две години  кучето било удрено од возило на улицата „Маршал Тито“ било оставено да лежи во близина на училиште каде го виделе мајка и мало дете и веднаш пријавиле во најблиската ветеринарна амбуланта. Денес, Марта има убав живот и е среќно вдомена кај струмичанката Сузана Божијанова. ...