,,Чекор по жица” – нова стихозбирка на Вања Изова Велева

Песните на Вања Изова Велева секогаш одново нè сепнуваат и нè тераат да се преиспитаме дали го живееме најдоброто од себе. Чекор по жица е стамена книга-водилка што нè поттикнува да оставиме своја трага во времето и просторот, за да нè има и тогаш кога физички повеќе нема да бидеме присутни на овој свет. Збогатена со сликите на современите ликовни уметници Митко Тошев и Љупка Галазка ...

Промоција: Кумановски мерак во струмички сокак

Во среда, 05 јули 2017, со почеток во 20:00 часот во гостилницата „Мал парк“, здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст –Струмица“ организира промоција на новата поетска збирка на Иле Наумов – „Боемски блуз“. Станува збор за перформативна промоција во која интерактивно ќе бидат вклучени многу поети од Струмица, а самиот настан ќе се обиде да ја доближи ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Промовирана монографијата под наслов “Даночно затајување и перење пари“ од м-р Николина Ташевски.

Вчера во салата на советот на Општина Струмица во Домот на АРМ, се одржи јавна промоција на стручна монографија под наслов “Даночно затајување и перење пари“ од авторот м-р Николина Ташевски. Станува збор за импозантна стручна литература која ја обработува симбиозата меѓу даночното затајување и перењето пари, каде авторот преку бројни анализи, спроведени емпириски истражувања, ...

„Развигорови-обречени на свободата“ ќе биде претставена во Струмица

Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) утре (петок) 31.03.2017 година во 19:00 часот во Домот на АРМ во Струмица организира претставување на книгата „Развигорови-обречени на свободата“ . Книгата ќе биде претставена од нејзиниот автор  г-дин Михаил Развигоров, внук на славниот војвода од Штип Мише Развигоров и син на Страхил Развигоров член на ЦК на ВМРО во периодот од 1928-1932 година.Гости на ...

Книга за фолклорно наследство на Струмичко

Во книгата, над 300 страни се собрани песни од народното творештво, но и новокомпонирани. „Опеана Струмица” е наслов на книгата на Иван Котев, дело кое во себе содржи песни во кои е спомната и опеана Струмица и Струмичко. – Создавањето на оваа книга се наметна како насушна потреба! Да пополни една празнина, да го зачува и покаже нашето фолклорно богатство. „Опеана Струмица” е ...

Препорачуваме книга за на плажа: „Смарагдна земја“

Станува збор за книга пишувана од сопружници, Ан и Данијел Мероа – Живодан кои најпрвин спонтано, а потоа и самостојно доживуваат астрална проекција- одделување на душите од нивните дела. Делото е пишувано според личното и вистинско искуство на авторите, кои тврдат дека посетуваат астрален свет во кој заминуваат душите на луѓето после смртта. На почетокот делото делува доста чудно ...

„Антолог“ го објави романот „Зајдисонце“ од Катерина Џатева

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави „Зајдисонце“, прв роман на младата македонска писателка Катерина Џатева, кој од своето појавување во мај годинава па досега се истакнува како уште еден летен хит во издание на „Антолог“. Една млада девојка сака да заигра во ритамот на музиката, но се впушта и во ритамот на страста. Амбициозната Кармен се запишува на часови по танцување ...

„Патникот“ ќе допатува во Струмица

Пред осум месеци излезе од печат збирката раскази „Патникот“ од Борче Грозданов-Пандур која е всушност патешествие меѓу него и неговиот другар, прерано починатиот актер Васил Шишков. Преку низа анегдотско-хумористични случки во оваа книга сочинета од 14 раскази а издадена од „Феникс“ дознаваме дека Васил ја има онаа душа што ретко кој ја поседува, дека знаеше и да се весели, дека ...

Струмичанецот Горан Тренчовски со нова книга „Тези и аскези“

Неодамна во издание на „Феникс“ од Скопје излезе најновата книга на режисерот и писател Горан Тренчовски – „Тези и аскези“. Во предговорот, Зоран Стефановиќ, драматург и сценарист од Белград, го нарекува ова дело „временска капсула, книга која се занимава со местата на древните митови, со односот на книжевноста и драмските уметности, со разгледување на културниот дух на македонската ...

АКЦИЈА: Твојата книга за некого е дом

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контектс – Струмица“, во соработка со Младинскиот Совет, здружението „НОВУС“, ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM, а со медиумската поддршка на ТВ Канал Вис и порталот Strumica Online ве покануваат да земете учество во собирањето книги кои ќе послужат за формирање ...