МАЕСТРО ЏАМБО АГУШЕВ НА ИСТА СЦЕНА СО ИЗВЕДУВАЧОТ НА „ДЕСПАСИТО“

Мaестро Џамбо Агушев заедно со неговиот оркестар настапуваа пред 7-милионска публика во Полска на иста сцена заедно со изведувачот на познатата „Деспасито“, односно Луис Фонси. На истата сцена настапија и Мишел Тело и најпопуларната полска ѕвезда Мерила Родович. Џамбо на неговиот фејсбук профил напиша дека чувството да се настапи пред 7 милионска публика е неверојатно!    

(ФОТО) По Слаткаристика и Џамбо Агушев на шишање во Бербер и Бар – Вторник

Се отворени само една недела а веќе привлекоа голем број на клиенти поради уникатноста и професионализмот кој преовладува во Бербер и Бар – Вторник. Столчето за шишање од пошироката јавност прв го испроба Слаткаристика а вчера и нашиот струмичанец Џамбо Агушев. За оние кои не знаат, Бербер и Бар – Вторник се наоѓа на старата струмичка чаршија.

И Џамбо ги пречека Ивана и Ману на градскиот плоштад

По четиригодишно патување околу светот со мотор, Ивана Чолаковска и нејзиниот партнер Ману Торес се вратија во Скопје. Нивниот дочек го организираа македонските мотоклубови, а Ивана и Ману пристигнаа во придружба на клубот „Вепар“, но и со претставници од другите македонски клубови. На пречекот беше и струмичанецот Џамбо кој ја загреа атмосферата во музичкиот дел. Патувањето на ...