,,Чекор по жица” – нова стихозбирка на Вања Изова Велева

Песните на Вања Изова Велева секогаш одново нè сепнуваат и нè тераат да се преиспитаме дали го живееме најдоброто од себе. Чекор по жица е стамена книга-водилка што нè поттикнува да оставиме своја трага во времето и просторот, за да нè има и тогаш кога физички повеќе нема да бидеме присутни на овој свет. Збогатена со сликите на современите ликовни уметници Митко Тошев и Љупка Галазка ...