Маџиров гостин во Белград!

Македонскиот писател Никола Маџиров е гостин годинава во крокодиловата „Куќа за писатели“ во Белград. На 17 јануари ќе настапи како специјален гостин на книжевната вечер на писателската Ане Ристовиќ и во рамките на т.н. Крокодилова книжевна вечер, а на 24 јануари во културната установа „Пароброд“, на која ќе зборува за поезија, за сопственото творештво и за наградите. Маџиров е роден ...

Бројни овации за Мулен Руж на Раковичкиот карневал во Белград

Маската ,,Феникс“ на здружението Мулен Руж беше прогласена за најдобра маска на струмичкиот карневал во најмасовната категорија, а изминатиов викенд членовите на оваа група се претставија Раковичкиот карневал во Белград, на покана на првиот човек на ФЕКК Србија, Маслачак. Покрај тоа што предизвикаа бројни овации кај публиката, тие беа поканети и земаа учество во емисијата Жикина ...

Директори од Струмица на регионална конференција во Белград

Од 25 до 29 октомври во Белград се одржува третата регионална конференција на директори и управници на училиштата од Југоисточна Европа. Општина Струмица ја претставува група од девет директори кои учествуваат во предавања и работилници на тема „Мотивација во образовно – воспитниот систем“. Целта на конференцијата е да се едуцираат директорите за имплементирање на нови пристапи ...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Струмички „ГМО Моркови“ на белградските улици

На 29.03.2015 година во општина Раковица, Белград, Р. Србија се одржа третиот по ред Меѓународен Раковички карневал. На овој карневал зедоа учество околу 3000 учесници од повеќе земји од регионот и светот. По улиците од овој дел од Белград продефилираа вкупно 50 карневалски групи од познатите карневалски градови како што се: Венеција (Италија), Риека (Хрватска), Будва (Црна Гора), Врњачка Бања, ...

Никола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград

Никола Маџиров учествува на Меѓународните поетски средби во Белград во организација на Белградскиот центар за култура чие главно мото е „Чуму поезија”, а во чиј фокус е современата европска поезија.  Настанот почнува во петок, а главен повод е одбележувањето на Светскиот ден на поезијата. Освен Маџиров, учествуваат и поети од Австрија, Шпанија, Летонија, Полска, Ирска, Чешка, Франција ...

Стилистот Петров својот професионален развој го продолжува во Белград

Како резултат на добрата и професионана работа, струмичкиот стилист Марјан Петров добил понуда за работа во српската метропола. Како што не извести Марјан тој добил многу добра понуда за работа во Белград, меѓутоа се уште не донел одлука за заминување од родната Струмица. Инаку, Марјан, своето професионално искуство го стекнал токму во Србија на престижната академија „Пањковиќ“, ...

Струмичанец ќе ја претставува Македонија на конференција за доументарен филм во Белград

Од 15 до 18 ноември во Белград се одржува регионална конференција под насловот „Скршеното огледало – проблем на идентитетот во постјугословенскиот документарен филм“. Програмата е инспирирана од истоимената книга, своевидна капитална студија на еминентниот полски филмолог д-р Магдалена Тутка Гвожд, во издание на норвешкиот Универзитет во Осло, како резултат на нејзините повеќегодишни ...

Награда за студенти од Машинскиот факултет на Миксер фестивал 2014

Community DESIGN Award, for studious approach е групната награда која ја освоија група студенти од Машинскиот факултет во Скопје од смерот Индустриски дизајн со настапот на Mikser festival 2014 во Белград. Студентите, предводени од професорите Татјана Кандикјан и Софија Сидоренко, асистентите Иле Мирчески и Јелена Мицевски и демонстраторите Ангелфила Јорданоска и струмичанецот Славе Ристоманов, во Еду зоната ...

Тим од СОУ „Јане Сандански“ на Економијада во Белград

На покана од годинешниот домаќин тим oд СОУ „Јане Сандански“ учествуваше на Економијадата во Белград како набљудувачи, а идната година ќе учествуваат со свои натпреварувачи. Домаќин на наредното издание на овој натпревар ќе биде економското училиште во Љубљана. Ученици од сите земји од бивша Југославија ќе бидат дел од мешани групи што ќе помогне во надминување на разликите во ...

ФОТО: Струмичани го бодреа Даниел Кајмакоски во Белград!

Синоќа во Белград се одржа финалето на првото регионално музичко шоу Х-Фактор Адриа. Како што најавувавме пред одржувањето на главната вечер организиран превоз имаше и за сите оние кои сакаа да отидат и да го бодрат нашиот Даниел во живо. Така, во арената во Белград синоќа имаше околу 10-тина струмичани кои одблиску можеа да го следат шоуто кое и ја донесе најголемата радост на Македонија. Тие ...