Градоначалникот Јаневски го посети првороденото бебе во Новата година во струмичката болница

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ноќеска го посети првото бебе родено на самиот почеток на Новата година во струмичката болница. Му подари штедна книшка со 20 илјади денари и му посака да биде живо и здраво, да расте големо, среќно и весело, да биде вреден граѓанин на Општината и од мало да се учи да штеди. Бебето е машко, втора рожба на Сања Христова од селото Дабиле. ...

Бебе од Струмица заболело од опасната магарешка кашлица, бидејќи не било вакцинирано

На голема врата се враќаат опасни заразни заболувања поради пролонгирање или одбивање на задолжителното вакцинирање на децата. Две бебиња, едното од Скопје, а другото од Струмица, изминатите два месеци заболеле од голема кашлица или кај народот позната како магарешка. Дијагнозата им била докажана и клинички и лабораториски. Не ја примиле вакцината „ди-те-пер“ која штити од оваа ...

Организацијата на жени од Струмица обезбеди сместување за мајката и бебето кои беа на улица

По објавата на нашиот портал за помош на струмичканката и нејзиното новороденче веднаш со хумана акција стартуваа струмичките организација. Како што не информираа од Организацијата на жени на општина Струмица, за родилката и нејзиното бебе тие веќе обезбедиле сместување  за период од шест месеци. Се надеваат дека ќе има и други хумани луѓе кои ќе излезат во пресрет бидејќи на мајката ...

Светска недела на доењето – корисни совети за мајките

Во тек е Светската недела на доењето (од 1-ви до 7-ми август). Поради ова издвојуваме неколку совети за едукација кои секоја мајка треба да ги знае и применува. Доењето не треба да се избегнува, тоа е многу важно за новороденчето и не треба да се заменува со никаков друг вид на млеко. Во првите 6 месеци единствена храна на бебето треба да биде мајчиното млеко. Не треба да се додава вода, ниту ...

ФОТОГАЛЕРИЈА: Првите фотографии од втората ќерка на Сузана Гавазова

Сузана Гавазова стана мајка по вторпат. таа завчера на свет донела женско дете, а се породила во Хелсинброг, Шведска, каде што живее заедно со сопругот Јасмин. Среќните родители на Фејсбук ги објавија првите фотографии од својата најнова радост. Ова е нивно второ дете, а од бракот ја имаат и ќеркичката Емили, која во април наполни една година.

Емотивна реклама на Кока Кола

Од далечната 1920 година, белата и црвената боја се заштитен знак на еден од најголемите светски брендови – „Кока Кола“. Но по речиси еден век во Аргентина се појави „Кока Кола“ во зелена боја. Кока Кола Лајф е првиот газиран пијалок од фамилијата на Кока-Кола кој е природно засладен со шеќер и билката стевија, а содржи малку калории. Исто како и новиот Кока Кола облик остави впечаток ...