ФАБРИКАТА НА АДИЕНТ ВО ЗОНАТА НА СТРУМИЦА ДОБИ НОВ УПРАВИТЕЛ!

Американецот Марк Антони Скониецзни е назначен за управител на Друштво за производство Адиент Аутомотиве ДООЕЛ Струмица, стои во објавата на Централниот регистар. Фабриката на Адиент (ПОРАНЕШЕН ЏОНСОН КОНТРОЛС) во слободната зона во Струмица беше отворена летово, а произведува навлаки за автомобилски седишта. Вкупната инвестиција е 20 милиони евра.  

Отворена фабриката на американски „Адиент“ во Струмица – инвестиција од 20 милиони долари и над 1.300 вработувања

ТИРЗ Струмица денеска беше официјално пуштена во употреба фабриката за производство на навлаки за автомобилски седишта „Адиент”. Инвестицијата е 20 милиони американски долари и ќе вработи над 1.300 лица. На отворањето на овој прв објект во зоната премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и Владимир Тефлик, потпретседател ...

Состанок на Стојанов со претставници на Адиент Аутомотиве Струмица

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов имаше работен состанок со дел од менаџерскиот тим на фирмата Адиент Аутомотиве Струмица поранешен Џонсон Контролс. На состанокот се разговараше за можност за вработување на граѓани од општина Василево во оваа реномирана странска компанија. Фирмата Адиент Аутомотиве Струмица поранешен Џонсон Контролс нуди можност за вработување ...