(ВИДЕО) Пандев го постигна првиот гол сезонава во Серија А

Горан Пандев конечно се израдува на својот прв гол оваа сезона за Џенова во италијанската Серија А. Македонскиот интернационалец Горан Пандев сезонава десет пати беше во составот на Џенова, и иако играше одлични натпревара немаше среќа да се запише во листата на стрелците. Денес конечно го скриши мразот и стрелаше во судиското продолжение од првиот дел на мечот од 15 коло во Серија ...

Џенова е (пре)скромна: Пандев во новата сезона ќе добие само 500.000 евра!

Македонскиот фудбалер Горан Пандев реши да остане уште една сезона во редовите на Џенова, но неговата заработка е далеку од онаа која ја имаше во изминатите години. Италијанските медиуми ја објавија листата на плати на сите фудбалери, а капитенот на македонската фудбалска репрезентација во Џенова за договор од 12 месеци ќе заработи само 500.000 евра. Најплатен фудбалер во Џенова е Бертолачи, ...

Пандев царува во Џенова, нов гол и нова победа во тест меч со нисколигаш

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев продолжува со одлични партии за италијанската Џенова. Екипата на Горан Јуриќ на две недели до почетокот на сезоната во Серија А, полека ги поставува контурите на тимот. Вечерва Џенова славеше победа над нисколигашот Боргаро со 5-2 (1-1). Во вториот дел, кој прволигашот одигра многу подобро, меѓу стрелците се запиша и Горан ...

Пандев е СПАСИТЕЛОТ на Џенова во борбата за опстанок во Серија А

Македонскиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев игра одлично во завршницата на Серија А. Екипата на Џенова се бори за опстанок во италијанската елита, а нашиот напаѓач во вистинско време влезе во посакуваната голгетерска форма. 33-годишниот фудбалер роден во Струмица ќе биде главниот адут на Иван Јуриќ до крајот на сезоната, особено поради ситната повреда на Симеоне. Веќе на ...

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев – втор пат за неполни две недели дава гол

Горан Пандев стигна до 75 погодок во Серија А. Капитенот на македонската репрезентација погоди за Џенова, која на свој терен загуби со 1:2. во Џенова. Пандев беше прецизен во 43 минута за водство од 1:0 на домаќините. Сепак, во вториот дел Киево со два погодоци успеа да направи целосен пресврт и стигна до трите бода на гостувањето. За Пандев ова беше 75 погодок во историјата на Серија А. Популарниот ...

Јуриќ најавува дека со Пандев ќе го напаѓа Јуве во Торино

Горан Пандев, македонскиот фудбалер кој настапува во Џенова, мораше да чека дури 31 натпревар за да го запише првиот погодок за екипата. Струмичанецот постигна гол во ремито против поранешниот тим Лацио, во кој имаше проблеми при трансферот во Интер. Очекувано, тој го прослави голот и го посвети на претседателот Лотито, со кого беше во лоши односи на крајот од својата епизода во Рим. ...

(ВИДЕО) Пандев „удри“ по својот Лацио и го даде првиот гол во Серија А сезонава

Капитенот на Македонија го даде првиот гол сезонава во Серија А лигата. Пандев влезе во второто полувреме и со глава го совлада Албанецот Стракоша во 78. минута. Горан Пандев конечно, го постигна првиот свој гол сезонава во Серија А. Капитенот на Македонија својот првенец го даде против својот Лацио. Пандев влезе во 61. минута, на местото на Велосо. Во 78. минута, тој успеа со глава да го ...

ВИДЕО: Џенова без Пандев го сопре Наполи, победи за Јуве, Интер и Рома

Во петттото вонредно коло од Серија фудбалерите на Џенова на домашен терен против Наполи одиграа реми без голови 0-0. За Џенова на денешниот натпревар нашиот репрезентативец Горан Пандев беше само на клупата за резервни фудбалери. Фудбалерите на Џенова во текот на натпревар беа рамноправен противник со тимот на Наполи, кој на моменти имаше нешто поголем посед на топка. Најдобрата ...

Пандев со гол ја почна новата сезона. Стрелец против Лече во Купот на Италија

Македонскиот интернационалец Горан Пандев одлично ја почна новата сезона во италијанскиот фудбал, откако постигна гол во победата на неговата Џенова против второлигашот Лече во првото коло од Купот на Италија. Џенова го совлада Лече со 3-2 откако на полувреме одиграа без голови. При резлутат од 2-1 за Лече, Пандев во 73 минута го најави пресвртот за Џенова изедначувајќи на 2-2. Конечните ...

Пандев даде четири голови, Џенова победи со 18:1 на првиот пријателски меч

Џенова го одигра првиот пријателски натпревар во претсезона под водство на новиот тренер Јуриќ. На мечот кој Џенова го доби со 18:1 против нисколигашот Стубаитал, Пандев беше капитен додека играше во вториот дел на мечот. Тој успеа да постигне четири голови, а поефикасен од него беше само Пиволети со пет голови. Ова е добар почеток за македонскиот интернационалец, кој минатата сезона ...