НАСКОРО НОВО МЕСТО ЗА УЖИВАЊЕ ВО ГРАДОТ!

Наскоро уште едно ново урбано место ќе добијат струмичани каде ќе можат да се релаксираат и уживаат во најразлични вкусови на кафе, фрешови, освежителни пијалоци. ELEPHANT е местото каде за десеттина дена ќе испишувате приказни со вашите најблиски и најсакани. Тимот на Струмица Денес со огромно задоволство ќе го проследи официјалното отварање! За локацијата и за се’ останато ќе ве ...

Обуки за органски фарми и бизнис планирање за земјоделците од Струмичкo

Здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ” од Крива Паланка во партнерство со Здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Република Бугарија во Струмица органзираше обуки за запознавање на органските производители со процесот на бизнис планирање и формирање  мали органски фарми. Обуките се организирани во серија, по оние во Североисточниот дел на Македонија и Ќустендилска ...

ВАСИЛ РИНГОВ – ФУДБАЛЕРОТ ОД СТРУМИЦА ЗА КОЈ НЕМАШЕ ТАЈНИ!

Нема сомнение дека Васил Рингов беше една од најсимпатичните фигури што се појави на фудбалските терени во 70-тите години од минатиот век. Неговата кариера траеше до втората половина од 80-тите години, па иако веќе на залез од кариерата и немаше многу настапи, со своето искуство и присуство во Вардар даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула во 1987 година. Рингов беше ...

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАГРАДИ КОИ ДЕНЕСКА БЕА ДОДЕЛЕНИ НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА!

Наградата за животно дело „Св. петнаесет Тивериопослки свештеномаченици“ ја доби Јован Џабулов за особен придонес во областа на архитектурата. Наградата денеска му ја врачи градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски на свечената седница. Лауреатот, 90-годишниот Џабулов истакна дека ова е голема чест за него и признание за неговата работа. – Наградата е големо признание ...

ГОДИШНА НАГРАДА ВО ОБЛАСТА НА СЛИКАРСКАТА УМЕТНОСТ ДОДЕЛЕНА НА РОЗА МОЈСОВСКА!

Годишната награда во областа на сликарската уметност оваа година беше доделена на Роза Мојсовска.  Наградата и ја врачи градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски на свечената седница која се одржа во  во Центарот за култура „Антон Панов“  

ГОДИШНАТА НАГРАДА ВО ОБЛАСТА НА ФОТОГРАФИЈАТА ДОДЕЛЕНА НА СРЕЧКО ГУНЧЕВ!

На денешната свечена седница на Советот на општина Струмица која се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ од страна на градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, беше доделена наградата во областа на фотографијата на Сречко Гунчев. Честитки!

ГОДИШНАТА НАГРАДА ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ ДОДЕЛЕНА НА ЗОРАН СПАСОВ!

Денеска, на денот на заштитниците на градот, на денешната свечена седница – Советот на општина Струмица ги додели годишните и наградата за животно дело. Годишна награда во областа на спортот беше доделена на струмичанецот Зоран Спасов. Честитки!

СТРУМИЦА МЕЃУ НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАДОВИ КАДЕ СЕ СЛУЧУВААТ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ!

Како едно од најзагрозените подрачја каде се случиле 23% од незгодите со потешки последици е подрачјето на СВР Битола, а по него следуваат СВР Скопје со 19,6% застапеност и СВР Штип со 18,8%, како и СВР Струмица-12%, а најмал број незгоди со потешки последици се регистрирани на подрачје на СВР Куманово-3,4%. За неполна година 131 лице загинале во сообраќајки на патиштата низ Република Македонија, ...

Претставник на бугарскиот патријарх Неофит во Струмица!

Бугарскиот патријарх Неофит го испрати Величкиот епископ Сиониј како свој претставник на празникот на Струмица, „Св. Петнаесет Тивериополски (Струмички) маченици“. Во знак на почит и гостопримство Сиониј, како што пишува БГНЕС, бил поставен на владичкиот трон. Во струмичкиот храм биле присутни четворица владици од МПЦ, дебарско-кичевскиот Тимотеј, тетовско-гостиварскиот Јосиф, ...