Се одржа работилница за зголемување на вработеноста и локалниот економски развој на општина Струмица

Во организација на Локалниот економско социјален совет и Одделението за локален економски развој на општина Струмица, а во соработка со АВРМ – Центар за вработување Струмица во малата сала на домот на АРМ, денеска, се одржа презентација на подобри локални и активни политики за вработување до повеќе нови вработувања. Темите на дискусијата се фокусираа на актуелната состојба на локалниот ...

Трета регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Струмица

На 9. ноември (четврток), 2017 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поддржано од проектот финансиран од Европската Унија – MAINLAND, кој го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), ќе ја одржи третата регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците ...

(ФОТО) Втор ден презентација на Универзитетот ФОН

Вториот ден на 07.04.2017 во петок се одржаа уште две работлници, а тоа се следните: Фузија на книжевноста и социјалните мрежи во современите училници: Факт или фикција? од предавачот доц.д-р Татјана Срцева – Павловска и м-р Сандра Серафимовска одржа предавање на тема Jigsaw and Mind – mapping in the modern classroom. Сите учесници на работлниците и предавањата се здобија со сертификат за учество на истите. ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Најмалите на работилница за Велигден со своите родители

Група Бубамари од ЈОУГД „Детска Радост“ – Струмица денеска имаа работилница на која со своите родители изработуваа велигденски декорации. Децата уживаа во друштво на своите родители и направија интересни Велигденски декорации заедно со воспитувачките Венера Глигорова и Марија Василева.

„ПОРАКА“ одржа работилница „Со музика поблиску до народната традиција“ поддржана од општина Струмица

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица одржа работилница со наслов „Со музика поблиску до народната традиција“ во основното музичко училиште „Боро Џони“. Работилницата е во рамките на годишната програма за работа за 2016 година, која „ПОРАКА“ ја спроведува со финансиска поддршка на општина Струмица. Целта на оваа активност беше приближување ...

Се одржа музичка работилница со поддршка на градоначалникот Заев и општина Струмица

Заврши еднонеделната музичка работилница – проект на Младинскиот совет, а поддржан од градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица. Работилницата се одржа во амфитеатарот, а учествуваа над 50 учесници на возраст од 7 до 41 година од Струмица, Валандово и Радовиш. Истата имаше теоретски и практичен дел, во теоретскиот, предавачи беа м-р Васко Пиличев кој зборуваше на темите: музиката ...

Контекст организира креативна работилница за пишување во природа

На 23 април (сабота) здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира креативна работилница за пишување во природа, заедно со учениците од ООУ „Даме Груев“ Куклиш кои се под менторство на проф. Александар Јанков. Освен учениците од Куклиш, присутни ќе бидат и учениците од подрачното училиште „Даме Груев“, Костурино.

Претставници на општина Струмица учествуваа на работилница за јакнење на капацитети на локалната самоуправа за образование за возрасни

Во организација на Британскиот совет од Скопје се одржа работилница на која учествуваа претставници од општина Струмица. Главната цел на проектот е зајакнување на интегриран и сеопфатен систем на доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука, и образованието на возрасните, а преку воведување динамична спрега меѓу образованието и измените и во социјалната и во сферата ...

Креативната Работилница во Струмица стана успешна стартап приказна

Можеби приказните за „exit“ звучат како мит во младата македонска стартап сцена, но постојат стартапи што успеале да го продадат својот сервис. Една таква успешна приказна доаѓа од Струмица, домот на дигиталното креативно студио Работилница, основано од Ванчо Стојков, Мери Доневска-Костуранова, Крум Ѓоргиев, Ване Костуранов и Сашко Николовски. Тимот има фантастичен уметнички и дизајнерски ...

Граѓанските организации се обучуваат за вршење мониторинг на акциски планови на општина Струмица

Во организација на Центарот на заедницата, а во соработка со општина Струмица, денеска и утре, се спроведува обука за претставници на граѓанските организации на тема „Мониторинг на акциските планови за четирите области од локалните стратегии на општина Струмица“. Обуката има за цел да им обезбеди на граѓанските организации соодветни знаења, вештини и алатки за мониторинг на имплементацијата ...