ООУ „Маршал Тито“ од Муртино продолжува со заедничките активности од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, учениците од спортската секција во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од село Муртино, реализираа уште една планирана ...

Одбележан патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ во Муртино

Општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Муртино, денеска, го одбележа патрониот празник.Во училишниот двор беше изведена богата програма на која присуствуваа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој во името на општина Струмица положи свежо цвеќе и се поклони пред ликот на Тито, членови на Советот, претставници на одделението за ...

ООУ „Маршал Тито“ Муртино подготвено ја дочекува новата учебна година

Пред стартот на новата учебна година, во ООУ „Маршал Тито“ Муртино се е подготвено за прием на учениците и отпочнување на воспитно-образовниот процес. Во текот на летниот распуст, во ова училиште се реализирани повеќе активности, почнувајќи од комплетно молерисување на ѕидовите и таванските површини на училниците и другите простории, преку дезинфекција, дезинсекција и дератизација ...

Учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица реализираа истражувачка екскурзија во Банско

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, а во имплементација на Македонскиот центар за граѓанско образование и општина Струмица како партнер во овој проект, учениците и наставниците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица реализираа еднодневна истражувачка екскурзија во селото Банско, ...

Ученици од мешан етнички состав во ООУ „Маршал Тито“ во заедничка активност „Кое годишно време го сакам“

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица се реализираше заедничка воннаставна активност поврзана со четирите годишни времиња преку еколошката секција во која беа вклучени ученици од четвртите одделенија кои следат настава на македонски и турски наставен јазик, насловена како „Кое годишно време ...

„Станете експерт“ проектна активност во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино

Секцијата за природни науки при основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино аплицираше за реализација на програмски активности во согласност со критериумите од објавениот повик и по одобрувањето ја организира активноста „Станете експерт“. Ученици во мешан етнички состав, организирани во шест групи, реализираа едночасовна програма, а на која присуствуваа претставници ...

Се одржа заедничка меѓуетничка средба на учениците од ООУ „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“

Во прекрасна атмосфера на заедничко дружење во рамките на програмските активности од меѓуетничка интеграција во образованието, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ во Струмица се реализираше средба на ученици од мешан етнички состав, кои направија одличен перформанс на негување на обичаи на традиционалната македонска и турска свадба. Со сватови, бовчи, музика, традиционална ...

Училиштето „Маршал Тито“ организираше есенски крос за учениците

Во рамките на одбележувањето на детската недела, основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска организираше есенски крос за учениците кој што се одржа во градскиот парк. Во кросот учествуваа учениците од 6 до 9 одделение, а за најдобрите беа обезбедени награди од училиштето. -Напишавме и пораки со учениците за да допрат до младите затоа што знаеме дека поголем дел ...

Учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во промовирање на детските права и интеркултурната комуникација

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој се спроведува од општина Струмица во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје и финансиски поддржан од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија, учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, во рамките на Светската недела на детето, која се одржува ...

Градоначалникот Заев донираше помош за учениците од „Маршал Тито“

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, прв амбасадор за борба против глад со дипломатски пасош број 0001 и член на дипломатскиот кор на Банката за храна Македонија, денеска донираше помош за учениците во општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица. Хуманитарниот настан во организација на Организацијата на жени од Струмица и Банката за храна Македонија се одржа ...