ЕКСКЛУЗИВНО: Васко Атанасов е нов тренер на Струмица!

По шест одиграни кола се случи првата тренерска смена во најсилната македонска кошаркарска лига. Екипата на Струмица, која заедно со Шкупи се единствени два тима без триумф, се раздели со грчкиот стратег Власис Влаикидис. Предводникот Блаикидис си поднесе оставка, а управниот одбор на клубот истата ја прифати. Неговиот довчерашен помошник, Васко Атанасов, е именуван за негов наследник. ...

Владо Илиевски во трка за претседател на МКФ: Целосно ќе се вложам во подигање на кошаркарската атмосфера во Македонија!

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски ќе се кандидира за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, со која во моментот раководи Петар Наумоски. Според информациите до кои дојде ,,Фокус’’ Илиевски веќе добил поддршка од еминентни лица да се избори за новата функција и да придонесе со своето искуство и квалитет за враќањето на сјајот на македонската кошарка. Владо ...

Фени рутински ја совлада Струмица

Кошаркарите на Фени индустри очекувано ја совладаа Струмица на домашен терен со 81-63. Со доминантна игра во втората и во четвртата четвртина, кавадарчани создадоа убедлива предност. На полувремето Фени имаше водство од 40-31, а во вториот дел и го надгради за убедлив триумф. Горјан Марковски со 19 поени и Јане Петровски со 18 поени беа најефикасни во составот на Фени, додека кај струмичани ...

Струмичка капитулација и пред кумановци

Струмица го претрпе и четвртиот пораз во серија од стартот на сезоната, уште еднаш губејќи пред своите гледачи. Овојпат од Струмица како победници си заминаа кошаркарите на Куманово, кои лесно и убедливо триумфираа со 66-90. Гостите целоно доминираа од самиот почеток, уште во стартната четвртина ставајќи до знаење дека се решени да дојдат до цел плен во Струмица (9-22). Предноста на кумановци ...

Негативен старт на Струмица

Кошаркарите на Струмица забележаа пораз, и тоа убедлив во полуфиналето од турнирот во Пловдив. Подобра од нив беше екипата на Левски, и тоа за дури 20. поени (75:56). Во првата посериозна проверка, реновираниот тим на Струмица, предводен од тренерот Власис Влаикидс, беше во постојана резултатска негатива, која на полувремето беше и двоцифрена, (36:24). Најизедначен беше третиот период од играта ...

(ВИДЕО) АМЕРИКАНИЗАЦИЈА – ТРЕТ ДЕЛ: Кевин Тајс е новиот лик во Струмица

Ростерот на Струмица за следната сезона од денеска е побогат за уште едно странско име. Ова откако раководството на прволигашот постигна договор со Американецот Кевин Тајс. Станува збор за играч на позицијата бек-шутер, висок 196 сантиметри, кој доаѓа од Ли Универзитетот од САД. И за него настапите во дресот на Струмица ќе бидат и првото европско искуство. Претходно, во летниот преоден ...

Ексклузивно интервју со струмичанецот Владо Илиевски: „Моите два сина имаат аутизам“

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, за чие име се врзани најважните поени во историјата на македонската кошарка на ЕП во Литванија, но и изјавата „Леле луѓе што направивме“, летово донесе одлука да се повлече од кошарката. За оваа одлука пресудна била желбата да му се посвети на семејството, сопругата Ања Вилфан Илиевски, Словенка по националност и поранешна кошаркарка, ...

Шајкаров се врати во КК Струмица

Македонскиот кошаркарски прволигаш Струмица успеа да донесе ново име во своите редови. Повратник во клубот е Александар Шајкаров, младиот кошаркар кој дома се враќа од странство. Шајкаров, кој е роден во 1994 година и е дете на Струмица, настапуваше во екипата на Адмиралс од Молдавија, но доби понуда од македонскиот прволигаш и реши да се врати повторно во старото јато. Тој е засилување ...

Струмица го врати Цветков

Во новата сезона екипата на Струмица ќе влезе со скоро нов состав, но и со едно име добро познато на јавноста во овој град, пред се во областа на кошарката. Некогашниот капитен на струмичкиот прволигаш, Петре Цветков, се согласи да се врати во тимот во кој играше скоро во целата своја кариера. И на свои 33 години да му помогне на тимот кој го предводи грчкиот тренер Власис Влаикидис, да ...

Михајло Арсоски ги засили струмичани

  Екипата на Струмица продолжува со засилувањата за новата сезона. По американските засилувања го потпиша младиот Михајло Арсоски. Станува збор за 22-годишен кошаркар, кој по две сезони минативо АВ Охрид одлучи да се пресели во Струмица. Младиот центар минатата сезона одигра 18 натпревари за „галебите” и имаше скромен просек од 1.3 поени и еден скок по натпревар. Претходно во својата ...