ВИДЕО: „Неразурите“ знаат да почитуваат, „Сан Сиро“ ечеше во чест на Горан Пандев!

Екипата на Интер ја запиша петата победа во новата сезона на Серија А, откако на домашен терен беше поуспешна од Џенова, за која од 75. минута во игра влезе нашиот репрезентативен капитен, Горан Пандев. Токму во таа минута фановите на Интер докажаа дека знаат да почитуваат и во чест на некогашниот нивни миленик, со кого освоија титули во Серија А и Лигата на шампионите, се скандираше ...

Џенова е (пре)скромна: Пандев во новата сезона ќе добие само 500.000 евра!

Македонскиот фудбалер Горан Пандев реши да остане уште една сезона во редовите на Џенова, но неговата заработка е далеку од онаа која ја имаше во изминатите години. Италијанските медиуми ја објавија листата на плати на сите фудбалери, а капитенот на македонската фудбалска репрезентација во Џенова за договор од 12 месеци ќе заработи само 500.000 евра. Најплатен фудбалер во Џенова е Бертолачи, ...

ФОТО: Дрес од Беласица за Пандев, за вечно сеќавање на матичниот клуб

Пред почетокот на загравењето на македонските репрезентативци за денешниот квалификациски натпревар со Албанија на стадионот „Младост“ во Струмица, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев доби мало внимание од својот матичен клуб Беласица. Од струичкиот клуб се одлучија да му подарат дрес од Беласица на својот најпознат фудбалер во историјата, како што беше истакнато, за ...

Пандев:Чувајте ги луѓето како Самсоненко

Македонскиот фудбалски шампион Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Тоа го стори после победата над Фенербахче во двата натпревари со вкупни 4:1. После тој триумф и направениот најголем успех во историјата на македонскиот фудбал, свое видување имаше и нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев кој даде изјава за дневниот спортски весник Македонски Спорт. „Честитки ...

Мурињо: Се надевам дека Горан Пандев ќе дојде во Скопје за натпреварот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо за првпат е во Македонија и се надева дека нашиот главен град ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера. Португалецот одговараше на бројните новинарски прашања на официјалната прес-конференција пред тренингот на „црвените ѓаволи“. Португалецот се осврна на Горан Пандев и можноста да го види утре во Скопје, ...

Горан Пандев – Амбасадор на УЕФА Супер Купот СКОПЈЕ 2017

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално денеска е претставен како амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ кој на 8. август ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. -Како што знаете сите, на 8. Август, Скопје и Националната арена ќе бидат домаќини на големиот фудбалски настан – Супер Купот на УЕФА, натпревар во кој ќе се соочат најдобрите две екипи ...

(Фото) Како што му доликува на голем ас, Пандев ги пречека Петриќ, Родан и Дафе

Горан Пандев сака неговата Академија да игра значајна улога во Првата македонска лига, а кај новиот член на прволигашите вчера допатуваа уште три засилувања. Во стил на голем ас ги пречека токму Пандев, кој е сопственик на клубот, а се работи за Милован Петриќ, Банзузи Родан и Еди Дафе. Претходно клубот го засили одличниот голман Никола Вујанац, а за кондиционен тренер беше именуван ...

ВИДЕО: Пандев „тресна“ уште еден свој бивш клуб – постигна СУПЕР-ГОЛ против Интер

Горан Пандев постигна гол против својот поранешен клуб Лацио, а денес „удри“ и по Интер. На 20 минути до крајот на дуелот на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, Македонецот погоди за водство кое може да значи и победа и опстанок за екипата на Јуриќ. На голот му претходеше удар на Велосо во пречката, а потоа Пандев од прва го совлада Хандановиќ за 1-0.

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев – втор пат за неполни две недели дава гол

Горан Пандев стигна до 75 погодок во Серија А. Капитенот на македонската репрезентација погоди за Џенова, која на свој терен загуби со 1:2. во Џенова. Пандев беше прецизен во 43 минута за водство од 1:0 на домаќините. Сепак, во вториот дел Киево со два погодоци успеа да направи целосен пресврт и стигна до трите бода на гостувањето. За Пандев ова беше 75 погодок во историјата на Серија А. Популарниот ...

Јуриќ најавува дека со Пандев ќе го напаѓа Јуве во Торино

Горан Пандев, македонскиот фудбалер кој настапува во Џенова, мораше да чека дури 31 натпревар за да го запише првиот погодок за екипата. Струмичанецот постигна гол во ремито против поранешниот тим Лацио, во кој имаше проблеми при трансферот во Интер. Очекувано, тој го прослави голот и го посвети на претседателот Лотито, со кого беше во лоши односи на крајот од својата епизода во Рим. ...