(ФОТО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: РАБОТНО ДО ПОСЛЕДЕН ДЕН!

Денес на официјалниот профил, поранешниот градоначалник на општина Ново Село-Блажо Велков објави дека асфалтирани се нови улици во Мокриево, Мокрино, Старо Коњарево и Ново Коњарево. Од 2013-2017 година асфалтирани се 47 улици и над 167 завршени проекти. Велков се заблагодари на сите жители на општина Ново Село!  

(ВИДЕО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: НОВО СЕЛО ПОД НЕВИДЕНА ПОЛИЦИСКА ОПСАДА!

Почитувани граѓани на општина Ново Село, во моментот во нашата општина се случува невидена опсада од страна на полициски инспектори во цивил, придружувани од униформирани службеници на МВР, на чело со началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски. Од 19:00 часот со логистичка поддршка од приватни возила на активисти на СДСМ од Ново Село МВР врши притисок врз активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои ...

(ВИДЕО) БЛАЖО ВЕЛКОВ: Ново Село нема да се претвори во зона за гангстерски пресметки

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на општина Ново Село, Блажо Велков денеска на прес конференција за медиумите реагираше на начинот на водење на предизборната кампања од страна на СДСМ и злоупотребата на државните институци за вршење притисок врз граѓаните и во партиски цели.   Имено, во текот на неделава тројца активисти на ВМРО-ДПМНЕ од општина Ново Село беа приведени ...

Блажо Велков – Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на oпштина Ново Село

Блажо Велков е кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ново Село за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и од ВМРО-ДПМНЕ!

Отчет на градоначалникот Велков за четиригодишната работа

Работа која носи подобро Почитувани граѓани на општина Ново Село, Независно дали сме биле во постојана комуникација или воопшто не сме можеле да се согласиме, разговорите кои сум ги водел со Вас, во канцеларија, на улица, во парк, на спортски натпревар или на асфалтирање на нов пат, се разговори кои ме одржаа искрен, инспириран и мотивиран во исполнувањето на зацртаните цели. Тие разговори ...

(ФОТО) Амбасадорот на УНДП во Ново Село

Денес во посета на општина Ново Село беше амбасадорот на УНДП и ОН за Република Македонија г-ѓата Луиза Винтон.На средбата со градоначалникот Блажо Велков се разговараше за досегашната имплементација на проектот “Вода за сите”- управување со речниот слив на Стара река ( р.Струмица). Посебен акцент се стави на изградбата на филтер станицата за канализациониот систем во Ново Коњарево ...

(ВИДЕО) „Министри доаѓајте веднаш во струмичко“ – повик на градоначалникот Блажо Велков

ПРИЛОГ НА ТЕЛЕКАНАЛ А1! Денеска на откупниот пункт во Колешино земјоделските производители ги посети градоначалникот на општина Ново Село – Блажо Велков, на чиј што терен се наоѓа овој откупен центар. Велков даде изјава со која го повика министерот за земјоделие Љупчо Николовски веднаш да дојде во Ново Село. Тој изјави дека откупната цена на бостанот која годинава се движи од 1 до ...

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Ново Село

Почитувани сограѓани..! Со разгорувањето на пламенот на Велигденските свеќи, во нашите домови ја носиме веста за Христовото воскресение. Но, на празничноста на воскресението и претходат тешки денови низ кои се сеќаваме на страдањата и мачењето на нашиот спасител. Тоа директно и најсликовито ни покажува дека колку и да е мал нечиј успех или колку и да е божествена неговата природа, ...

Потпишан договор за изработка на урбанистички планови

Денес, во просториите на Општина Ново Село, Градоначалникот Блажо Велков потпиша договор за финансирање на проект за изработка на Урбанистички планови за населените места: Борисово, Мокрино и Старо Коњарево. Партнер на Општина Ново Село во реализацијата на овој проект е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а изведувач е фирмата „ИВАНОВ Инженеринг“ од Битола. Со овој ...

Градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков информира дека во Самoилово со проектот планираат 100 парцели

Тој информира дека за индустриската зона „Кошутица“ имаат планска документација на локација од Струмица за Бугарија. Се работи за површина од 30 хектари. – Продадовме повеќе парцели по тој пат. Една на бугарска компанија со лесна индустрија, друга парцела е на наша фирма со кинеска компанија за фабрика од електронската индустрија. Кај Смолари има уште една парцела. Три парцели се ...