РАКОМЕТНИОТ КЛУБ АСТРИОН СТРУМИЦА Е ФАВОРИТ ЗА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО КАДЕТСКАТА ЛИГА!

Ракометниот клуб Астрион Струмица по победата над Лазарови од Свети Николе со убедлив резултат од 31-19 несомнено е голем фаворит за лидерската позиција во првата група од кадетската лига. „Астрионците“ имаат три одиграни натпревари и три заслужени победи. Следното коло гостуваат во Радовиш!    

„АСТРИОН“ – СТРУМИЦА ЈА ИЗВОЈУВА ПРВАТА ПОБЕДА ВО ГОСТИ!

Во второто коло од кадетската лига, екипата на „АСТРИОН“ – СТРУМИЦА ја извојува и првата победа во гости. „Астрионци“ упатија голема благодарност до сите оние што го помагаат ракометниот проект „АСТРИОН“ кој во моментот брои 80 членови. Големи честитки за победата, БРАВО!  

Астрион Струмица му нанесе пораз на Торо Спорт од Виница

HC Астрион Струмица му нанесе пораз на Торо Спорт од Виница со резултат од 23:18. Во дерби натпреварот пионерите на Астрион ја покажаа досега најквалитетната игра и заслужено го победија првакот во третата група. Честитки за Астрионците за борбената игра со која покажаа дека Струмица има голем потенцијал во ракометот.

Знаете ли како настанало името на нашиот град?

Првото име на Струмица било Астрион (Ѕвезден град), а второто – Тивериопол. На 11 декември сè уште се празнува патронот на нашиот град, односно се слават Светите 15 Тивериополски свештеномаченици. Се верува дека овие светци се заштитници на градот и го чуваат од зло и несреќи. Со преселбата на Словените (периодот од 80-тите години на VI век до 30-тите години на VII век) во нашиот град ...