„БОМБИТЕ“ НА ХОФ ЈА УРНАА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ!

Во својот 100 настап за Вардар, интернационалецот од Ерменија постигна два супер голови за победа од 3:1 над тимот од Струмица. Сега разликата во однос на Шкендија е 11 бодови Шампионот во заостанатиот меч успеа со 3:1 да ја победи Академија Пандев и со тоа да ја намали бодовната разлика во однос на Шкендија, која сега изнесува 11 бодови но и меч помалку. Вардар поведе со голот на Блажевски ...

Илија Матеничаров доби награда од ФФМ за фудбалски работник на годината

Два члена на Академија Пандев се закитија со индивидуални награди на изборот на најдобрите за сезоната 2016/2017 што го организираше Фудбалската федерација на Македонија. Првотимецот Александар Мишов е прогласен за најдобар стрелец во младинскиот фудбал, а Илија Матеничаров за фудбалски работник на годината. Двајцата лично ги примија признанијата кои доаѓаат како шлаг на одличната ...

Мишов од ,,Академија Пандев” е прогласен за најдобар стрелец во младинскиот фудбал

Деветнаесет годишниот Александар Мишов од Кавадарци кој настапува за ФК ,,Академија Пандев” е прогласен за најдобар стрелец во младинскиот фудбал на Гала свеченост во Македонскиот народен театар  на која Фудбалската федерација на Македонија ги избра најдобрите за сезоната 2016/17 во „Сакам да и се заблагодарам на ФФМ која втора година по ред ми ја доделува оваа награда, на стручниот ...

ФОТО: Силекс си ја освои и Струмица…

По триумфот на 30. септември во Кратово, Силекс со идентични 1-0 ја совлада Академија Пандев и во Струмица. Фудбалерите на Силекс успеаја да ја освојат Струмица благодарение на голот на Милош Ѓорѓевиќ во 16. минута од средбата. До крајот успешно се одбранија и покрај бројните обиди на домашните, и нереализираниот пенал, за да дојдат до израмнување… Сето тоа, за заслужена радост на Жикица ...

Академија Пандев со втора победа над Тетекс обезбеди историско Куп-полуфинале

Екипата на Академија Пандев обезбеди место во најдобата четворка во Купот на Македонија. Денес, фудбалерите на Панче Стојанов по вторпат го победија Тетекс (4-1) и со вкупен резултат од 6-1 се пласираа во полуфиналето. Струмичани ја презедоа иницијативата од почетокот на мечот и не му дозволија на противникот да излезе од својата половина. Најсериозната шанса за отворање на резултатот ...

Стојанов: Имавме преголем респект кон Вардар, тоа не чинеше пораз…

Академија Пандев загуби од Вардар со 0-2 во првиот официјален натпревар меѓу двете екипи во историјата. Но, стратегот на „академците“, Панче Стојанов не е незадоволен од играта на неговите избраници, потенцирајќи дека преголемиот респект кон противникот можеби ги чинел пораз… „Ја сум задоволен од играта на моите фудбалери. Сепак се виде дека Вардар е поквалитетен од нас, притоа ...

Академија Пандев и Вардар ќе играат в недела во Струмица

Заостанатиот натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра в недела од 13 часот во Струмица. Иако првично беше најавено дека в недела, сепак, ќе се игра дуелот од редовното 17. коло меѓу двете екипи, натпреварувачката комисија одлучи да се одигра најпрво заостанатиот натпревар од 8. коло. Мечот од 17. коло меѓу двете екипи ќе се одигра ...

Претставници на Академија Пандев на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија

  По повод Неделата на Италијанскиот јазик и култура во Струмица, италијанскиот амбасадор Карло Ромео на своја иницијатива оствари работна средба со претставници на Академија Пандев. На средбата присуствуваа Југослав Тренчовски, Џулио Грифони и конзуларниот претставник Стојан Витанов. Амбасадорот изрази голем интерес за Академија Пандев и италијанскиот интернационалец во нашите ...

РЕНОВА ЈА ПРЕКИНА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈАТА НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Ренова  ја совлада  Академија  Пандев  во првиот меч од 13.коло во домашното фудбалско првенство. Фудбалерите на Ренова  ја прекинаа успешната серија на Академија Пандев и со финални  3-1 ги испратија  гостите од Струмица .Ренова  ги освои бодовите уште во првото полувреме и тоа во период од 27 до 39  минута.Серијата за домашните   на Градскиот стадион во Тетово ја отвори Гафури, ја продолжи ...

ВИДЕО: Атракција во Струмица – Марков со гради ја затресе мрежата на Шкендија

Екипата на Академија Пандев поведе и со 2-0 во дуелот со Шкендија, која по вторпат ја вадеше топката од својата мрежа на денешниот меч. Акцијата започна по десната страна, кога Александар Вареловски испрати центаршут од прва на кој Ѓорѓи Марков реагираше атрактивно и со гради ја смести топката зад грбот на Захов. Веќе во следната акција, тетовчани се вратија во игра и го намалија резултатот, ...