Струмичките матуранти повторно ќе танцуваат „квадрил

Утре, точно напладне, на плоштадот „Гоце Делчев“, ќе се одржи традиционалниот „Матурски бал“, на кој учество ќе земат матурантите од струмичките средни училишта. Матурантите и годинава ќе танцуваат „квадрил“ по музиката од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус, и со тоа ќе ја испратат својата порака за ненасилство.
Годинава покрај струмичките матуранти, синхронизирано ќе танцуваат и нивните врсници од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, како и матурантите од стотина други градови од Централна и Југоисточна Европа.
Инаку, овој интернационален „Матурски бал“ се одржува од 2001 година, а идеен творец е Томаж Амброж од од танцовата школа „Уршка“ од Љубљана (Словенија). Македонија веќе десет години е дел од оваа манифестација, а Струмица е вклучена во истата од 2008 година.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,