Струмичките гимназијалци најдобри во бизнис идеи

„V-plant“, „Easy Truck“, „Inhelt“ и „Достава на храна со дрон“ се имињата на бизнис-идеите со кои ученици од трета и четврта година под менторство на професорите М-р Македонка Манушева и Сашо Пиличев освоија прво, второ и трето место на проект за бизнис идеи помеѓу ученици од Република Бугарија и Република Македонија.
Проектот “Зголемување на потенцијалот за претприемништво и изгледите за вработување на младите луѓе преку градење на капацитетите и работа во мрежа” беше спроведен од БИКЦ – Сандански во соработка со Туристичкиот сојуз – Општина Струмица и со финансиска поддршка на Европската унија преку ИНТЕРРЕГ – ИПА Програма за прекугранична соработка Република Бугарија – Република Македонија.

Ученици од трета и четврта година со десет бизнис идеи зедоа учество на овој проект, на кој се пласираа само четири од идеите. Учениците кои ги поминаа сите три фази од проектот се стекнаа со признание – диплома и награди. Во третата фаза која се одржа во Интерхотел Сандански, Република Бугарија, учениците ги презентираа своите идеи пред успешни претприемачи, претставници на финансиски и тренинг програми за поддршка на претприемништво и Start-up бизнисите, локалните власти и медиумите.

Бизнис – идејата „V-plant“, креирана од страна на учениците: Сара Василева, Анастасија Драгомирова и Ана Марија Димкина, го освоија првото место;  Бизнис-идеите: „Easy truck“, креирана од страна на Симона Трајкова и Дејан Трендов и „Inhelt” – креирана од страна на Викторија Трајанова, Софија Малинова и Виолета Локовска го поделија второто место и бизнис-идејата „Достава на храна со дрон“, креирана од страна на учениците Кристијан Ѓоргиев и Христо Стојанов го освоија третото место.

маркетинг


Select
Ознаки: ,