Струмичкиот тенисер Дарко Грнчаров со победа го започна турнирот во Египет

Младиот македонски тенисер Дарко Грнчаров со победа го започна турнирот во Шарм ел Шеик кој започн вчера. Грнчаров на убедлив начин во првото коло го совлада Леонид Авраменко со 2-0 во сетови (6-1, 6-1).

Со оваа победа Грнчаров избори пласман меѓу 32 најдобри на турнирот.

Наградниот фонд на турнирот во Египет е 15.000 долари, а за Грнчаров ова е прво учество во Шарм ел Шеик.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,