Струмичани се вратија: Академија Пандев ги почна подготовките

Фудбалерите на Академија Пандев денеска точно напладне ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Тренерот Панче Стојанов ја изврши прозивката, а потоа сите играчи одработија полесен тренинг како најава за она што следува во следните 40-тина дена до продолжението од првенството. Досега тимот се засили само со еден фудбалер и тоа Томислав Илиев.

Според планот на подготовките, екипата ќе тренира во својата тренинг база до 19 јануари. Главниот дел од подготовките ќе помине во Анталија каде екипата ќе отпатува на 20 јануари и ќе остане до 4 февруари. Планот е таму да се одиграат седум натпревари, а пет од нив се веќе закажани. Противници се: Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумкајит од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија. Другите два противника дополнително ќе бидат договорени.

По враќањето подготовките ќе продолжат во Струмица до првото пролетно коло на 14 февруари кога гостуваме на Шкупи.

маркетинг


Select
Ознаки: ,