СТРУМИЧАНЕЦОТ ВОДЕНСКИ ЈА ОДБИ ГЕРМАНИЈА И ЌЕ СЕ БОРИ ЗА БАЛКАНЕЦ И МАКЕДОНИЈА!

Мултиталентираниот за боречки вештини Кристијан Воденски во иднина ќе настапува за клубот од Штип. Популарниот Кико кој е мала ѕвезда во Германија сака да обезбеди место во репрезентацијата на Македонија и да настапи на Балканското првенство за деца и кадети.

Воденски има 11 години и настапува во категоријата до 34 килограми. Минатата недела на Регионално првенство во Германија во грчко-римски стил освои сребрен медал, а овој викенд ќе се бори во слободен стил.

Да потсетиме дека се натпреварува во ММА, бразилско џиу џицу, бокс, борење, граплинг… а славниот Федор Емилијаненко му предвиде славна кариера во ММА.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,