СТРУМИЧАНЕЦОТ ДЕЈАНЧО ЕФТИМОВ НОВ ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО-ДПМНЕ!

Дејанчо Ефтимов по професија е дипломиран правник со положен правосуден испит. Досегашното работно искуство го стекнува како правник, а подоцна и како раководител во Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјални работи во Струмица. Ефтимов потоа работел и како раководител во Управата за имотно – правни работи односно Одделението за првостепена управна постапка во Струмица кое е во склоп на Министерството за финансии. Ефтимов од 2009 година е советник од редовите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Василево, а од февруари 2015 година е и Претседател на Советот на Општина Василево. Тој воедно е и Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево. Тој беше и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.

маркетинг


Select
Ознаки: