Струмичанката Елена Дрвошанова – Крамди стана член на рок група од Луксембург

Струмичанката Елена Дрвошанова-Крамди неодамна стана вокал на групата “Стрислес” од Луксембург.Тие снимија четири сингла и моментно се на промотивна турнеја.  Групата е основата пред пет години од искусни музичари кои ја негуваат модерната рок музика. Гитаристот Дејвид Лемер ја почна авантурата на групата и заедно со гитаристот и пејач Ден Мангиули и тапанатор Бен Кели ги направија првите песни, создадени под влијание на “Ред хот чили пејперс” и на “Стереофоникс”. Во 2013 организираа голема хуманитарна акција за помош на Филипините, заедно со “Невермајнд”, “Тјуис” и други.  Минатата година имаа потреба од женски вокал и многу брзо ме најдоа мене и ми понудија да бидам дел од групата. Ми се допаѓа нивната музика и ми одговараше, зашто јас од Париз минатата година се преселив во Луксембург. Настапуваме и по клубови, имаме и концерти и навистина уживам со нив. Музички сум исполнета – вели Елена.  Покрај Елена, која е вокал во групата, членуваат и Дејвид Лемер – гитара, Ден Мангиули – гитара, Саша Хек – бас и Бен Кели – тапани. (В.М.)

85B2FC2CB72EA34EAEBEC3592EA9B38C

маркетинг


Select
Ознаки: , ,