СтрумицаДенес.мк номиниран во 5 категории за сајт на година

Како, своевидна, потврда за добрата работа на нашиот портал е номинацијата на „Сајт на годината“ за 2017 година. Нашите читатели, го предложиле порталот во пет категории. Порталот „Струмица Денес“, од страна на читателите, е номиниран за категоријата „Сајт на годината“.

Вашиот портал веќе четврта  години поред е дел од ова натпреварување, а овојпат се надеваме дека со ваша помош  ќе бидеме и меѓу наградените. Поради ажурноста на екипата која стои зад проектот „Струмица Денес“, чија цел е точно и навремено информирање на нашите читатели, сме номинирани во категоријата „Вести и информаци”. Исто така нашиот сајт е номиниран и во категориите ,,Спорт”, ,,Забава” и ,,Најдобар мобилен сајт”.

Сајт на Годината е манифестација која по петти пат во Македонија ги избира најдобрите веб сајтови во повеќе категории. Манифестацијата е организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep An Eye, а под покровителство на Град Скопје, ИАБ Македонија и Министерството за информатичка технологија.

Доколку сакате да гласате за сајт на годината. тоа може да го сторите на следниот ЛИНК. Гласањето од интернет посетителите ќе трае заклучно со 10.12.2017. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.

маркетинг


Select
Ознаки: ,