СТРУМИЦА ЗАГУБИ ОД ФЕНИ ИНДУСТРИ!

Во последниот натпревар од 16. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Фени Индустри стигна до победа на гостувањето против Струмица од 58-71 (23-22,8-16,14-15,13-18).

По израмнетиот прв период, кавадарчани презедоа се во свои раце во втората четвртина која ја добија со осум поени предност и најавувајќи ја победата. Во второто полувреме во ист ритам се одржуваше предноста за конечна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Американецот Вокер со 26 поени дополнети и со 15 скока, 16 поени постигна Петровски а со 15 поени мечот го заврши Лавхорн. Во домашниот тим Сајкаров имаше 14 поени а Делипетров и Цветков по 12 поени.

По оваа победа, Фени со 8 победи и исто толку порази се израмни со Охрид АВ на шестото место на табелата, додека Струмица остана на последната позиција со само две победи и 14 порази.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,