Струмица во топ трите градови најинтересни за стамбена градба!

Се намалува изградбата на нови станови во Скопје а инвеститорите се повеќе се насочени кон изградба на станови во другите градови во Македонија.

Според статистиката, прв на листата на градови кадешто има најмногу одобренија за градба на станови е Прилеп со планирана градба на 67 стана.Потоа следи Струмица каде е предвидено да се градат 45 нови станови и Охрид со 40 нови станови, пишува еМагазин.Бројките на Агенцијата за катастар и недвижности кажуваат дека заклучно со јуни лани, во Македонија имало вкупно 3663 стана што се изградени а не се продадени. Продажбата на нови станови, споредбено со изградбата е многу мала.

маркетинг


Select
Ознаки: ,