СТРУМИЦА:Со компостирање отпадот станува квалитетно ѓубриво

Отпадот не е проблем, туку на него треба да се гледа како на ресурс, рече директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова. На пресот беа презентарани резултатите од проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир.

Проектот се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијацијата на Југозападни општини од Република Бугарија. Со проектот беа опфатени вкупно 27 општини-десет од Македонија и 17 од Бугарија. Со имплементацијата беа распоредени вкупно 800 компостери во домаќинствата во прекуграничниот регион. Во Југоисточниот регион компостери добија 400 домаќинства. Беше презентирана и “Студијата за анализа на потенцијалите за компостирање во домашни услови во Југоисточниот плански регион”.

– Секој од нас како индивидуа генерира околу 500 килограми отпад на годишно ниво, а некаде од 40 до 60 проценти е органски отпад, односно биоразградлив отпад кој моментално како фракција се одложува заедно со целокупниот комунален отпад. Нашата цел беше подигање на јавната свест кај населението во двата погранични региони и наместо одлагање на тој отпад во постојните депонии да биде искористен како ресурс. Фактот дека поделените 400 компостери беа недоволни во однос на барањата од граѓаните покажува дека сме ја постигнале целта на проектот, истакна Ѓуркова.
Вкупниот буџет на проктот изнесува над 117 илјади евра, а средствата се обезбедени од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

ИЗВОР: ВЕЧЕР

маркетинг


Select
Ознаки: